Категории

5 работи кои треба да ги знаете за пилулите „ден потоа“

Доколку сте сексуално активни, тогаш сигурно сте слушнале за полово преносливите болести и ризикот од бременост. Тоа значи дека треба да користите заштита, но што ако работите не одат според планот и се случи неочекуваното? Ова се 5 работи кои треба да ги знаете за пилулите „ден потоа“.

1. Постои временски лимит

Доколку имате односи без заштита или имате несакана ситуација, морате да делувате веднаш. Колку побргу купите пилула за ден потоа, толку се поголеми шансите да делува. Докторите препорачуваат да ја испиете во рок од 3 денови по незгодата. Се што следува потоа ќе мора да биде решено од страна на доктор.

2. Постојат работи кои мора да ги земете в предвид

Вашата височина и тежина мора да ги земете в предвид, исто како и фактот дали сте имале однос без заштита или со некој друг вид на контрацепција. Исто така, важно е дали жената дои или не.

3. Можете да ги купите во сите аптеки

Со рецепт од вашиот гинеколог, пилулите за ден потоа, можете да ги купите во сите аптеки.

4. Постојат последователни симптоми

Обичните контрацепциски пилули имаат последвателни ефекти. Можно е да чувствувате главоболка, гадење, крварење, грчеви, болки во градите и слично.

5. Не смеете да се напиете повеќе од една пилула

Доколку мислите дека ќе бидете посигурни така што ќе се напиете две пилули одеднаш, грешите. Со ваквата постапка може да се разболете и да повраќате. Доколку се напиете две различни пилули за ден потоа, тие можат да делуваат една против друга и воопшто да немаат ефект.