Категории

5 сериозни прашања кои треба да си ги поставите пред да се одлучите да живеете заедно со својот партнер

Пред да се одлучите заедно делите се со својот партнер треба да ви биде јасно дека тоа не е мала работа и постојат прашања и нешта кои треба да бидат однапред испланирани и разработени. Пред да се пожалите дека живеењето сами ви беше подобро, треба да станете свесни за се она што доаѓа со заедничкиот живот, а тоа не вклучува само делење на заеднички покрив. Експертите открија како заедничкиот живот на два партнери да не се претвори во кошмар, па им откриваат на сите оние кои го планираат овој чекор, што е најважното што треба да го направат.

Кој ќе ги плаќа трошоците?
Едно од најважните нешта е партнерите да поразговараат на оваа тема заедно. Екпертите советуваат дека со цел да избегнат честите расправии околу трошоците, партнерите треба да одлучат како ќе се одвива плаќањето на трошоците околу местото на живеење. Тие треба да одлучат дали ќе ги спојат нивните сметки во банка и така подеднакво ќе водат грижа за плаќањето на трошоците, или ќе одвојуваат од сопствените сметки подеднаков износ. Не е реткост еден од партнерите да е повеќе склон кон трошење а другиот кон штедење па тоа да довете до понатамошни несогласувања, ова прашање мора да биде детално разработено и да се најде компромис.

Дали двата партнери ќе учествуваат во купувањето на дом на лизинг
Ова прашање може да е непријатно да биде поставено, но вие треба да сте сигурни дека со вашиот партнер планирате заедничка иднина, доколку дојде до ненадеен раскид, ова може да ве донсе во многу непријатна ситуација.

Треба да одлучите кој е одговорен за кој дел од домот
Многу е важно секој од вас да одлучи кој дел од домот ќе биде под негова одговорност (кујната,бањата,кој ќе ги пере садовите, кој ќе го изнесува ѓубрето..) Секој од нас го поминува времето во одредена просторија, па така партнерите треба да одлучат која ќе биде таа и да бидат свесни дека тие треба да се грижат за нејзината хигиена.

Кога е правилото за пречекување гости
Сигурно не сакате кога ќе си дојдете преуморени од работа, да го начекате вашиот партнер како прави мала забава со останатите подстанари или неговите пријатели.
Морате да поставите правило кое ќе важи и за двата, кога е погоден момент да се пречекуваат гости и да се прават забави а кога не. Многу е важно кога планирате да поканите некого во вашиот дом, претходно тоа да му го кажете на вашиот партнер за да избегнете непријатнии ситуации.

Која е целта на вашето заедничко живеење
Постојат нешта за кои повеќето партнери не разговараат. Целта може да биде штедење на трошоците за наем, поголема блискост со партнерот или да се увиди каде води вашата врска.

Прегледи:
346
Објавено на:
04.09.2019