Категории

5 ситуации во кои најсилните жени се откажуваат: Еве што треба да направите кога немате решение за проблемот

Можеби сте горди бидејќи сте силна жена која никогаш не се откажува и покрај околностите, но во одредени ситуации сепак треба да го сторите тоа – за ваше добро.

Упорноста и напорот, без оглед на исходот е за пофалба, но понекогаш едноставно треба да научите да кажете: „Доста е!“

Можеби сте горди бидејќи сте силна жена која никогаш не се откажува и покрај околностите, но во одредени ситуации сепак треба да го сторите тоа – за ваше добро.

 

Кога…

 

1.… ќе сватите дека нема да биде подобро.

Без разлика дали станува збор за непријатна ситуација на работа или во љубовната врска, порано или подоцна доаѓа моментот кога станувате свесни за фактот дека едноставно нема решение за вашиот проблем. Силните жени во овие моменти честопати се обидуваат да го променат невозможното, но со такво однесување тие всушност се повредуваат себеси. Треба да престанете да се убедувате дека може да биде поинаку. Во такви ситуации, мора да „се предадете“.

 

2.… тоа штети на вашето здравје.

Дури и кога 100% се давате во позитивни ситуации, тоа вè исцрпува. Истото однесување во негативни ситуации има уште поголемо влијание врз вашето ментално и физичко здравје. Кога сте психички или физички уморни заради напорот што го вложувате во решавањето на проблемот и кога вашето тело јасно покажува дека му е доста од се, тогаш е време да се откажете затоа што ништо не е вредно да го загрозува вашето здравје.

 

3.… ќе разберете дека вашиот труд никогаш нема да биде награден.

Кога станува збор за работа, тешко се одлучуваме за ризик. Сакаме да го задржиме нашето работно место по секоја цена, дури и кога чувствуваме дека нашата работа не е ценета. Сепак, тоа не значи дека нашата желба за напредок и подобрување исчезнува. Ако сте забележале дека вашата напорна работа и посветеност никогаш нема да бидат наградени или често некој друг ги превзема заслугите за вашиот успех, тогаш можеби треба да го преземете тој ризик и да си заминете. Едно е сигурно – ако останете таму каде што сте, вашето незадоволство само ќе расте.

 

4.… вашите приоритети се менуваат.

Со текот на времето многу работи се менуваат па така и нашите цели. Ако одредена работа не е повеќе ваш приоритет, не треба да чувствувате должност да не се откажувате од тоа. Посветете се на она што навистина го сакате затоа што тоа е клучот за долгорочно задоволство.

 

  1. … едноставно не сте среќни.

Кога е тешко да ви се измами насмевка на лицето, време е да ги преиспитате сите аспекти од животот. Погледнете во себе и обидете се да откриете што (или кој) ви ја запира среќата. Можеби коренот на проблемот не лежи само во ова, туку и во фактот дека не знаете во вистинско време да се откажете од погрешни работи или луѓе.

Прегледи:
640
Објавено на:
02.03.2020