Категории

5 соништа кои најчесто ги сонуваме: Нема да верувате кои од нив се наоѓаат на листата!

Отсекогаш соништата го фасцинирале човековиот род, па луѓето на сите начини се обидуваат да протолкуваат и да дознаат што им порачуваат соништата. 

Од медицински аспект, соништата настануваат во РЕМ фазата и резултатите се изразени преку активноста и празнењето на мозоќните функции, додека низ историјата се добивале разни психолошки објаснувања со кои се занимавал првенствено Сигмунд Фројд. Тој соништата ги толкувал како наша потсвест која излегува на површина додека спиеме, а која ја потиснуваме.

Еве што сонуваме најчесто:

1. Заби

Соништата за забите се вбројуваат во најчестите соништа кои ги сонуваме. Најчесто станува збор за расипан заб, заби кои болат, крварат или паѓаат. Поретко сонуваме бели и здрави заби.

Се смета дека соништата за забите нѐ симболираат нас т.е нашата моќ и самопочитување кое можеби во тој момент го губиме или го немаме доволно. Исто така, ваков вид на сон се тумачи како можност за болест или губење на блиска личност, па по будењето од таков сон начесто сме вознемирени.

2. Вода

Водата исто така честопати ја сонувааме. Многу е силна симболиката на водата во сонот, ако в обзир можеме да земеме дека таа може да биде бистра, матна, со брз тек или мирна, длабока или плитка. Можеме да се сонуваме себеси како пливаме во студена вода или пак се давиме.

Водата и нема многу позитивна симболика, каква и да е. Упатува на тоа да бидеме внимателни и да се чуваме. Обично се однесува на нас и нашата емотивна состојба, на моменталните емоции и нешто што преживуваме.

3. Смрт на блиска личност

Еден од начестите соништа е смртта на некоја многу блиска личност – татко, мајка, баба, дедо, брат, сестра, пријател. Тие соништа се многу вознемирувачки и просто сме му благодарни на Господ што е тоа само сон, откако ќе се разбудиме со врисок или испотени.

Сепак, како што се сметало одмана, таквиот сон всушност значи спротивно – дека личноста која сте ја сонувале мртва во реалноста е многу добро, ја очекува успех, долг живот и добро здравје.

4. Паѓање од виочина или од скали

Многу се чести соништата во кои паѓаме, скалите исчезнуваат, кружни скали. Височината, падот од височина, пропаѓање во лифт, исто така се чести соништа.

Се смета дека ваквите соништа укажуваат на големи турбуленции кои се случуваат во самиот човек, на неговата емотивна состојба, неодлучност, борбата сам со себе. Тие се предупредување за човекот дека мора да смисли решение за неговата моментална состојба и да го врати својот живот во нормала и на прав пат.

5. Губење на гласот

И ова е многу чест сон. Некогаш во сонот сакате да кажете нешто но тоа е невозможно. Некој ве брка, а вие не успевате да вриснете за помош. Гласот се губи тогаш кога ви е најпотребен.

Добро размислете што ве мачи во реалноста и не ви дозволува да имате свој став и да се оттргнете и изгадите самодоверба.