Категории

5 совети за како да се подготвите за трчање маратон

Во пресрет на Скопски Маратон што ќе се случи во недела, за тие подотвените што решиле да го истрчаат, сакаме да споделиме неколку совети за како да ги издржите километрите, а можеби и да ја однесете победата.

Наспијте се

Без разлика дали се подготвувате за маратон, редовно трчање или воопшто не сте по трчањето, треба да се наспиете. Всушност, спиењето доволно часови треба да го практикувате секој ден, бидејќи е еден од начините на кој телото ја обновува силата и енергијата.

Пешачете и дишете

Пред да почнете со трчање, практикувајте да поодите некое време и длабоко да дишете. Ова е најдобриот начин да ги подготвите вашите нозе пред трчањето. Исто така, оваа подготовка треба да ја практикувате и пред секојдневното трчање, не само пред маратон. Со пешачењето се релаксираат мускулите со што би избегнале нивно грчење и затегнување за време на трчањето.

Јадете јаглехидрати

Јаглехидратите, не само што не се забранети, туку се и препорачливи. Не треба да се казнувате ако сте јаделе тестенини или да си забранувате да јадете пица или паста. Но, секако, консумирајте ги во границите на нормалата, без прејадување.

Не трошете енергија

Не се обидувајте да почнете со поголем интензитет кога ќе започнете со трчање на маратонот. Почнете побавно. Ако има некои што се побрзи од вас, во ред е. Планирајте го нивото на енергија кое ќе го ослободите и на тој начин вашето тело ќе може да ги направи потребните промени за да не се истоштите предвремено.

Носете соодветни патики

Не ги избирајте вашите најфенси патики за трчање на маратонот, туку обујте соодветни патики кои ви се удобни. На овој начин ќе избегнете можна иритација, тешкотии при трчањето и неудобност за време на маратонот.

Прегледи:
534
Објавено на:
04.05.2018