Категории

5 тајни за среќен дом: Како да бидеме задоволни со тоа што го имаме

Не престанувајте да трагате по оние убави честички на среќа кои се неопходни како животна амајлија на секој од нас! Но запомнете дека вие сте единствени, дека не можете да бидете некој друг, дека сакате сè и се стремите кон сè…

Животот често на нашиот животен пат носи мали честички на среќа, кои треба полека да се собираат и да се чуваат како амајлија. Ќе ни бидат потребни за оние моменти кога ќе чувствуваме дека сме малку изгубени, дека воздухот е густ и тежок … Заплеткани во виорот на животот, понекогаш стануваме несвесни дека среќата е присутна насекаде околу нас, дека ни е на дофат на раката, дека можеби само сменила форма и бара од нас да ги отвориме очите широко и да ја видиме.

Гретчен Рубин, авторката на најпродаваниот бестселер „Проект на среќа“, е во постојана потрага за среќни честички, за начините да додадеме уште некоја мала, нова форма на среќа во нашите животи. Затоа нејзиниот блог е извор на практични и понекогаш едноставни, а понекогаш и сосема обични – но важни! – совети за повикување на среќата во вашиот дом.

 

  1. Приуштете си себеси добар сон. Со вообичаените совети за проветрена, ладна спална соба, Гретчен нè потсетува дека барем еден час пред спиење не треба да правите ништо што од вас бара екстремен ментален напор … Опуштете се и сонот ќе дојде, а наредниот ден вашите чекори кон среќата ќе бидат полесни.

 

  1. Опкружете се со убави мириси. Гретчен потсетува дека пријатните мириси честопати бараат многу малку напор, па дури и малку пари. Научете повеќе за аромите, пронајдете свеќи и стапчиња со нов мирис, ставете освежувачи во близина на места каде што се кантите за ѓубре. Внесете мириси во вашиот дневен распоред. И уживајте во нив.

 

  1. Направете „мини-храм“. Гретчен вели дека личноста која што не се поврзува со предмети, не е колекционер, но ужива во фотографиите од членовите на неговото семејство. Нејзиниот „мини-храм“ е катче со истакнати слики од нејзините деца, а вие изберете ја вашата тема сами. Дали сакате музика? Направете „мини-храм“ посветен на омилениот жанр – можеби тоа ќе биде само една полица, со избрани ЦД-а? Пуштете ја вашата имагинација.

 

  1. Прифатете се себеси. А тоа значи дека ја прифаќате и тагата што некои работи не ги правите и не ги сакате. Никогаш нема да победите во тенис? Вие дури и не научивте да играте? Тоа е во ред. Вие сте само еден, не можете да бидете некој друг, да сакате сè и да се стремите кон сè …. Разновидноста нè прави уникатни, важно е да се прифатите какви што сте и да се стремите кон најдобрата верзија на себе.

 

  1. Посветете се на топлите поздрави. Гледајте ги децата како се поздравуваат со најблиските. Тие се бакнуваат и се гушкаат како последен пат да се виделе „пред сто години“. Гледајте ги милениците, тие исто така ви се радуваат, а вие само сте излегле до најблискиот маркет. Исполнете ги вашите поздрави со топлина. И тогаш гледајте како чудата се случуваат сами.
Прегледи:
681
Објавено на:
06.03.2020