Категории

5-те фази на љубовта: Само најдобрите парови ја поминуваат 3-тата

Обично луѓето не сакаат да се вмешуваат во нешто комплицирано но, кога станува збор за љубов, кој може да одолее? Љубовта е прекрасно чувство кое доаѓа во фази. Постојат 5 фази во љубовта, а повеќето парови заглавуваат на третата. Погледнете зошто е тоа така.

Прва фаза: Заљубување

Ова е првата фаза на така наречената „љубов“. Ова е кога речиси и не ја познавате другата личност. Во овој случај вие сте понесени од привлечноста и ги идентификувате само квалитетите кај партнерот.

Во оваа фаза сметате дека љубовта е вечна, но бидете внимателни. Не дозволувајте уште веднаш да се вљубите „до уши“.

Втора фаза: Пар

Љубовта се продлабочува, се чувствувате посигурно и ги наоѓате сите причини за оваа врска да преживее. Можеби немате див секс, но е навистина задоволувачки. Постои мислење дека ова е највисокото ниво на љубов, но имајте ја на ум третата фаза.

Трета фаза: Почеток на крајот

Ова е фазата кога сè тргнува наопаку. Малите нешта почнуваат да ве нервираат и се чувствувате како да сте опкружени само со проблеми. Дури се прашувате и дали била добра одлуката да се впуштите во оваа врска. Само кога ќе се придвижите во насока на решавање на вашите проблеми ќе можете да продолжите кон другата фаза.

Четврта фаза: Вистинска љубов

Ова е периодот кога закрепнувате од вашите проблеми и го наоѓате нивниот корен. Во оваа фаза партнерот ве сака и ве прифаќа онакви какви што сте. Вашиот партнер почнува да разбира дека вашето однесување е само резултат на повредите од претходните врски.

Петта фаза: Моќта на двајцата

in love African American couple in their eighties and seventies, hugging and kissing, Botswana

Прегледи:
549
Објавено на:
13.05.2017