Категории

5 типа на пријатели кои треба да ги зачувате во вашиот живот засекогаш!

Вистински дар е ако налетаме на вистински пријатели, но вашето задолжение е да се борите да ги задржите.

За овие 5 типа на луѓе вреди да се борите:

1. Мотивирачкиот пријател

Пријателот кој ве охрабрува и постојано ви вели да му се покажете на светот онака како што вие најдобро знаете.

2. Слушачот

Често сретнуваме луѓе кои не слушаат, кои сакаат да бидат слушнати. Ако вие сте налетале на човекот кој може да седне и внимателно да ве слуша, тогаш го имате вистинскиот човек. Овие луѓе ќе ви ги дадат најдобрите совети.

3. Финиот

Многу луѓе не можат да направат простор во нивниот густ распоред за вас, тие не ви се пријатели. Оние кои секогаш се подготвени со висок старт да направат време за вас и кои секогаш се тука во „фрка“ – тие ви се пријатели!

4. Сонувачот

Овие луѓе сакаат да го држат светот на дланка, да запознаваат луѓе, да го подобрат светот.Тие се одлични ако сакате да го закачите вашиот вагон до нешто големо.

5. Искрениот

Оние кои секогаш ви даваат сила, кои ги гледаат работите кои вие не ги гледате, кои ве потсетуваат дека вие сте оние кои се одговорни за сопствениот живот. Искрениот пријател може да има малтретирачка и контролирачка улога, но секогаш за ваше добро!

Прегледи:
646
Објавено на:
21.05.2016