Категории

5 трик прашања кои ги поставуваат работодавците и најдобар одговор за секој од нив

Се подготвувате за разговор за работа? Ова се одговорите на трик прашањата кои работодавците ги поставуваат.

Ако барате работа, веројатно веќе на Интернет сте прочитале еден куп совети како би требало да се облечите, што никако не смее да ви се „испушти“ и како се пишува добар CV.
Можеби не знаете личност која ве интервјуира има подготвени трик прашања на кои би требало да имате подготвени одговори и да не делувате збунето.

Разговорите за работа често подразбираат и прашања кои делуваат нелогично или нелогично или неповрзано за самата работа. Кога ќе ја извршите вашата стручна спрема очекувања околу плата или список на задолжение ќе добиете и некое прашање кое делува чудно.
Ова се најголемите трик прашања на разговор за работа и начини да одговорите на секој од нив.

1.Најголеми мани?
Омилено прашање помеѓу тимовите кое ги излудува кандидатите за работа. Кој навистина сака да ги набројува своите мани? Но трикот е во тоа да покажете дека сте искрени и дека ќе ги искористите и надминете.

Префрлете ги маните во минато време и објаснете како сте работеле на тоа да ги поправите. На пример, речете „да ме прашавте пред шест месеци“ одговорот би бил – „не знам многу јазици, но во меѓувреме завршив курс по англиски“.

Или „до пред неколку месеци, тоа беше доцнење, но потоа надов супер апликација за потсетување и повеќе не доцнам“.

Одберете „маана“ по свој избор и покажете дека е надмината. На тој начин, ќе одговорите искрено но исто така ќе им покажете на работодавците активно работите на тоа да исправите се што не ви годи.

2.Како би ве опишале вашите колеги?
Ова е шанса да се пофалите сеебси, но немојте да се залетате. Трикот е во тоа да звучите скромно и неодредено. Немојте да кажете „Сите велат дека сум….“, наместо тоа ќе кажете – „мислам дека поголемиот дел од луѓето ја ценат мојата особина….“. Ако тврдите дека сите велат исто, звучите како да претерувате, ако се оградите, звучите искрено.

3.Опишете се себеси во три зборови
Изберете придавки или именки кои се во согласност со позицијата за која се пријавувате, не со вашиот карактер. Ако е позиција на раководител, нека еден од зборовите биде „водач“. Ако е почетничка, нека тоа биде „сакам да учам“.

4.Дали би работеле бесплатно
Кандидатите често како од пушка велат „да“, затоа што сметаат дека работодавецот ја тестира нивната верност и подготвеност да бидат тука дури и кога не оди се како што треба.
Немојте да одговорите „да“. Работодавците бараат личности кои умеат да вреднуваат сопствени способности. Слободно одговорете „навистина не би сакал“ и објаснете зошто.

5.Имате ли некои прашања за нас?
Често ова е последното прашање на интервјуата за работа, кога веќе сте раскажале се за самата работа, својата биографија и плата. Имајте подготвено едно прашање со цел работодавците би знаеле да размислувате и да им пристапите на нештата активно и аналитички. Немојте да поставувате прашања на кои одговорот можете да го пронајдете на сајтот на компанијата, или да повторите нешто за кое веќе сте прашале. Ќе делувате неподготвено.

Поставете интелигентно прашање како што е „поради што личноста која порано работела на оваа позиција, си замина“? На тој начин, ќе му дадете на работодавецот до знаење дека сакате да избегнете евентуални грешки поради својот претходник и претходничка.

Прегледи:
662
Објавено на:
23.11.2020