Категории

5 трикови на кои ниеден маж не останува имун

Привлечноста на прв поглед е одлична, но дури и да не се случи, може да го придобиете посакуваниот маж со помош на овие трикови.

Замоли го за услуга

Не преголема услуга, не премала – нешто што ќе му помогне да испадне јунак. Чувството ќе му се допадне и ќе сака повторно да се почувствува корисен и храбар.

Давај му комплименти

Не пречесто, но доволно често за да се чувствува добро во твое друштво. Со тек на време тоа добро чувство ќе почне да го поврзува со тебе.

Гледај го во очи малку подолго

Знаеме дека не е секогаш лесно, но обиди се да го гледаш во очи малку подолго од вообичаеното. Многу истражувања покажуваат дека луѓето всушност така се вљубуваат, дури и во личностите кои не се нивни тип.

Користи го неговото име

Луѓето сакаат да го слушнат своето име во разговор бидејќи тоа им го подигнува егото. Секако, со мера.

Копирај го неговото однесување

Суптилното имитирање на нечие однесување покажува поврзаност, а личноста чие однесување го имитираме тоа може да го сфати како сличност. Тоа честопати го правиме и несвесно, а ако сакате да привлечете внимание, можете да го правите тоа намерно.

 

Прегледи:
525
Објавено на:
03.09.2018