Категории

5 вида на успех: Зошто треба да не радуваат смиреноста и духовноста

Што и да преставува успех за вас, било да е тоа тривијален или специфичен животен стил, тоа е единствената работа што навистина ќе ви го наполни срцето.

Капитализмот нè натера да гледаме на успехот само на еден начин, односно веруваме дека тоа е финансиската стабилност. Успехот е чувство предизвикано од одредени важни работи. Повеќе за тоа пишува Success и дефинира пет различни видови на успех.

 

Мал

Некои мали нешта можат да бидат многу поважни за нас отколку што било друго. На пример, средување на куќата е мал успех, но може да влијае на некои луѓе многу посилно. Луѓето кои се склони кон депресија или различни ментални состојби може да се чувствуваат многу подобро во еден дом што ја рефлектира нивната состојба. Понекогаш, луѓето од презир почнуваат да ја запоставуваат својата околина и оставаат разни работи во неа и ја запоставуваат како да се соочуваат самите со себе. Покрај тоа што ќе најдете работи што сте ги изгубиле пред многу време, средувањето може да ви донесе психички мир и стабилност и да ја зајакне вашата креативност. Сличен, позитивен пример за овој успех е да се ослободите од луѓето што ве влечат надоле.

 

Едноставен

Некои луѓе работат повеќе и почесто отколку што е потребно. Но, овие луѓе со тоа си отвораат многу врати, отворајќи го патот и до успехот. Друг начин да се приближите кон успехот е да запишувате. Запишете ги сите ваши идеи и креативни мисли на едно место. Создавате така погодно тло, доколку се појави инвестиција или добра можност, ќе имате сè што е подготвено за успех и одлична приказна. Исто така, обидете се да ги кажувате своите идеи гласно што е можно почесто. Ова ќе ги зајакне и ќе им овозможи и на другите да се вклучат во вашето патување. Никогаш не знаете кој може да ја слушне вашата приказна или некој кој може да ви помогне. Мора да ги креирате „случајностите“ сами.

 

Мирен

Успехот не е акционен филм, туку производ на упорност и смиреност. Работете на себе секој ден и бидете свесни за вашата сила и мудрост, вашите квалитети, вашата работа и посветеност. На тој начин, успехот ќе дојде мирно, како што и очекувате. Затоа, работете на себе сè додека не го направите уникатен.

 

Необичен

Успехот е видлив и забележителен. За повеќето луѓе, тоа претставува богатство и материјален успех на една личност. Но, прашањето е што лично ни дава таков успех. А што е со успехот што е како личен отпечаток? И тоа е точно вистинската работа. Невообичаен успех е индивидуален успех и тој е единствен и уникатен. Ништо не е подобро од автентичноста. Што и да е успех за вас, било да е тоа тривијален или специфичен животен стил, тоа е единствената работа што навистина ќе ви го наполни срцето.

Бидете „невообичаени“ затоа што ќе бидете свои и вистински успешни.

 

Духовен

Успехот може да биде апсолутно нематеријален, да се рефлектира како задоволство. Личностите кои се задоволни од самите себе и состојбата на нивниот ум и тело можат да се сметаат за успешни. Ова се личности кои се пронашле во медитација, тренинг и така натаму. Духовно среќните личности го пронашле своето вистинско јас и одлично комуницираат со малите гласови во нив . Успехот што општеството ни го наметнува тешко паѓа на нашите рамена, бидејќи чувствуваме дека треба да го следиме истиот образец. Прекрасно е да се види остварена личност која се оттргнала од шаблоните на материјализмот и живее слободно и задоволно.