Љубовта која трае вечно бара посветеност на заедничката иднина, нежност и почит – 5 знаци кои покажуваат дека партнерот ќе ве сака многу долго, долго време!
Некоја љубов поминува, а некоја е вечна. И, како може да знаете дали избраникот на вашето срце ќе ве сака вечно?
Овие 5 знаци укажуваат дека тој е вистинскиот кој ќе ве сака вечно.
- Тој сака да поминува време со вас … многу, многу време
Ако партнерот ви испраќа порака секој ден и ве прашува што би сакале да правите (двајцата заедно, секако), ова е очигледен знак дека многу му значите. И дека тој нема намера да престане да ве сака.
- Тој ве има предвид кога донесува големи и важни одлуки
Тој сака да учествувате во сите големи одлуки што влијаат на неговиот или вашиот заеднички живот.
- Тој ви кажува работи што никогаш не ги кажал на некој друг
Мажите не се доверуваат лесно и на никого, па ако ги сподели со вас своите најискрени „тајни“, работи што не му ги кажал ни на својот најдобар пријател, значи дека ве сака вечно во неговиот живот.
- Тој не флертува со други жени
Ако вашиот партнер ве гледа само вас и не забележува други жени, бидете сигурни дека тој не е како останатите мажи.
- Тој сака да разговара со вас за иднината
Мажите и кога ја сакаат жената знаат да се плашат да зборуваат за заедничка иднина и брак. Ако вашиот маж сака да зборува со вас за тоа, тоа значи дека ќе ве сака вечно. Тој дури не мора да биде 100 проценти подготвен за големите чекори во врската, но тој е целосно отворен да зборува за тие чекори.