Кога сте сами, вие сте неговиот свет, а кога има други луѓе во близина, веќе не е сигурен во врска со вашиот однос. Несигурен лажго, манипулатор или нешто трето… едно е сигурно, никој не заслужува третман во кој се гледа дека партнерот не е нешто посебно заинтересиран за вас, а овие знаци го покажуваат тоа.
Неговиот статус на социјалните мрежи и понатаму е „сингл“ иако се гледате веќе некое време
Зарем се уште ви треба време за размислување за да ставите крај на оваа приказна наречена „врска“? Да разјасниме веднаш, социјалните мржи не се мерило на љубовта и врските, но ако со месеци се гледате а тој на Фејсбук се уште се однесува како да е слободен, очигледно не сте му толку важни колку што мислите.
Се гледате исклучиво кај него, или на некои скришни мрачни места
Се сеќавате на епизодата од омилената серија „Сексот и градот“ во која Ѕверката ја поканува Кери на вечера во некој чуден ресторан со придушени светла, непопуларен и попупразен? Таа многу бргу сфаќа за што станува збор и ги отвора картите на маса. Што ќе направите вие? За почеток закажете средба на некое популарно место каде што излегува целиот град и чекајте ја неговата реакција на тој предлог.
Всушност, не можете да се сетите на друго место каде што сте се виделе освен неговиот стан
Одењето во кино за него е здодевно бидејќи можете да го гледате филмот и кај него дома, одењето на пијачка исто така е беспотребно трошење пари бидејќи тој знае да прави коктели… Всушност, се е непотребно и незабавно, освен неговиот кревет во кој сте чест гостин. Време е за важна одлука. Или ќе бидете пар и ќе се однесувате како да сте во врска, или ќе му кажете збогум (освен ако не ви одговара да функционирате на ваков начин, во тој случај продолжете со неговата игра).
Ве запознава со пријателите, познаниците, колегите и во ниеден момент не вели „ова е мојата девојка“
Оној на кого навистина му се допаѓате, ќе го истакне со задоволство тој „неважен“ податок. Доколку никому не споменува дека сте во врска, одбива да го запознае вашето друштво и толку е ноншалантен во врска со се, знаете што сакаме да ви кажеме.
Никогаш не ве држи за рака додека шетате
Често го забрзува чекорот и оди пред вас. Ретко комуницирате во тие ситуации. Бакнеж во јавност е нешто за што можете само да сонувате и се чувствувате како негова играчка. Пред вас е голема одлука која е тесно поврзана со почитта кон самите себе.