Успехот за секого значи различно, а истиот не значи само да се возите во луксузен автомобил и да живеете во палата.
Напротив, истиот се манифестира на многу различни начини, а Вие сигурно сте многу поуспешни отколку што мислите.
Погледнете некои од знаците коишто укажуваат на тоа:
- Задоволни сте со она што го имате. Не копнеете постојано по пари, пари и само пари туку го вреднувате она што веќе го имате и на истото му давате значење. Доколку се чувствувате среќни со она што го имате, Вие сте постигнале внатрешен мир и исполнетост и сте постигнале многу повеќе отколку што мислите.
- Имате цврсти врски со луѓето коишто Ви значат. Успехот не е само она што Вие сте го постигнале туку и врските коишто ги остварувате.
- Имате позитивно влијание врз другите. Вистинскиот успех не е само она што го имате туку и она што го давате. Со секоја помош што сте ја пружале, Вие сте постигнале позитивно влијание, сте направиле разлика во нечиј живот, а тоа е навистина за пофалба.
- Знаете како да одржувате рамнотежа помеѓу работата и слободното време. Вистински успех не е да работите постојано и да немате време за ништо друго.
- Учите и се надградувате себеси. Успехот не е само достигнување на врвот или на крајната дестинација, успехот е постојано подобрување на себеси и на другите околу Вас.