Категории

50 годишната Кајли без шминка и во долна облека позира за новиот видео спот во Куба

Популарната пејачка го подготвува новиот видео запис за песната Golden, во кој таа позира во долна облека и без шминка. 

50 годишната ѕвезда ја покажа својата природа убавина споделувајќи фотографии од снимањето на видео записот во Куба. „Зад камерите за видеото #Golden на покрив во Куба. Без светло, без екипа…без шминка!“ напиша таа споделувајќи фотографија од снимањето.

Ова спонтано снимање е резултат на убедувањето на Софи Мјулер „Режисерката Софи Мјулер успеа да ме убеди и успеавме! Нашиот директор на фотографија Џон Перез го сними видеото со неговата лична камера.“

Љубовта и прија, а тоа се гледа на нејзиното лице, откако неодамна се дозна дека е во љубов со Пол Соломонс од GQ. Нејзината среќа беше очигледна и на прошетка низ Њујорк, кога се појави во шик фустанче со ѕвезден принт.