Рита Ора се проценува дека вреди 20 милиони фунти, има пријатели од А-листата и повеќе број еден хитови низ светот, а не е изненадување што таа има следбеници кои се трудат да изгледаат исто како неа.
Но, во овој случај дали Рита ја копира или таа нејзе, најсигурниот одговор е дека имаат ист вкус.
Запознајте ја 51 годишната Вера, таа е мајката на Рита и е нејзин најголем фан. Воедно се чини дека двете имаат ист стил, па можеме да видиме од каде Рита го добила чувството за мода.
Инаку Рита е родена во соседно Косово, а избегале оттаму со нејзиниот татко Бесник и мајка и Вера, кога таа била многу мала, но имале големи амбиции за неа.
Всушност Рита вели дека нејзината мајка е генијалнот ум зад нејзиниот успех, што ја доведе до детство поминато во Лондон, до интернационална кариера. Рита раскажува дека во 2009 година, тогаш комплетно непозната, била во трката да ја претставува Британија за песна на Евровизија, но Вера предложила да се повлече од натпреварот и да настапува на „open mic“ настан.
Таму била забележана од издавачка куќа и потпишала договор со нив, што ја донесе до нејзиниот денешен статус на ѕвезда.