Категории

6-годишниот Џон доби громогласен аплауз од соучениците откако ја прими последната хемотерапија

Ова мало дете од Охајо добри аплауз од своите ученици од основното училиште откако им беше соопштено дека го победил ракот.

6-годишниот Џон Оливет Зипеј се борел против леукемијата три години. Тој ја добил неговата последна хемотерапија два дена по Божиќ.

Кога се вратил во неговото одделение по завршувањето на зимскиот распуст, неговите другарчиња и наставниците го пречекале со громогласен аплауз.

Неговите родители велат дека борбата на Џеј О со леукемијата значела дека тој не можел да ги прави истите работи што ги правеле неговите врсници, но сега ја добива таа шанса.

– Го сакаме тоа за нашето дете, да расте и да се валка и да игра надвор и да се забавува, а ние го заштитувавме постојано, па сега сме возбудени. Се радуваме на иднината и на тоа што го добивме нашето момче назад“, вели неговата мајка Меган Зипеј.

Прегледи:
558
Објавено на:
27.01.2020