Категории

6 Идеи како да го направите вашето кафе уште повкусно

На страна од вашата редовна доза топла напивка, овие трикови нудат малку поинаков вкус. Погледнете ги овие шест трикови за подготовка на вашиот омилен пијалок кои вредат да се пробаат.

  1. Во мало ѓезве ставете лажичка кафеав шеќер. Топете го додека да стане во вид на карамела. Откако шеќер целосно ќе се стопи, ставате врела вода и лажичка нескафе. Карамелизираниот шеќер му дава уникатен вкус и арома.
  2. Шолја ладно кафе на жежок ден – има ли нешто подобро од тоа? Но наместо стандардните коцки мраз, многу поголем ефект ќе достигнете доколку користите посебни кафе-коцки мраз. Сварете неколку шолји кафе и засладете ги. Оставете ги на собна температура, потоа ставете ги во во сад наменет за правење мраз и оставете ги во длабоко. Во следна прилика, направете ладно кафе и ставете неколку од направените коцки и додадете млеко. Милина!

3. Кафето е многу повкусно доколку му додадете зачини. Додадете малку цимет и ѓумбир и затоплете го на ниска температура. Пијалокот ќе ги апсорбира зачините и кафето ќе добие нов вкус!

4. Можеби ќе се зачудите, но доколку додадете неколку кристалчиња сол во вашето кафе, тие всушност ќе ја засилат неговата арома и ќе го омекнат вкусот.

5.  Кафето не само што може да биде пијалок, туку и храна. На пример, во форма на сладолед, многу полесно ќе ги поминете последните летни денови! Освен тоа, неговата подготовка е лесна.

6. Ако сакате вашето кафе да биде погусто и да има мек вкус, додадете половина лажичка путер при подготовката.

 

Прегледи:
879
Објавено на:
14.09.2016