Категории

6 начини да ја задржите страста во бракот и откако ќе добиете деца!

Паровите кои се во брак и имат деца честопати имаат проблем да ја задржат страста и романтиката во бракот. Промената од сопруга и сопруг во татко и мајка може да биде преголем чекор во животот. Сепак, и покрај сите препреки возможно е да се задржи страста во бракот, а ова се некои од најефективните начини за тоа.

1. Романтична вечера еднаш месечно

Изглегувањето и состаноците веројатно имаат голем удел во вашите почетоци и вљубувањето еден во друг, па затоа особено е важно да продолжите да го негувате тоа. Не мора да биде нешто луксузно и посебно. Доволно е да одвоите време еден за друг, да го поминете во смеење, разговори, за момент да мислите само на вас, без да чувствувате притисок дека дома имате деца кои чекаат на вас. Еднаш месечно е доволно за повторно да се поврзете и зближите. Семејните вечери не се сметаат за романтични вечери.

2. Гестови на љубов и внимание

Оние моменти кои ги одвојувавте само за да пишете порака или да се јавите за да знае саканата личност дека мислите на неа, не треба да престанат никогаш. Продолжете да си испраќате пораки полни со љубов, оставете и порака на сопругата под перницата или изненадете го со неговоиот омилен десерт – толку е потребно за да знае саканат личност дека се грижите за неа и дека ја сакате.

3. Комплименти

Секој од нас сака комплименти. Барем еден убав епитет во текот на денот ќе го зацврсти вашиот брак.

4. Домот претворете го во ваше светилште

Секогаш може да создадете простор за романса дури и ако сте дома. Понекогаш тоа изгледа тешко, доколку го земеме в обзир хаосот по дома, садовите кои чекаат да бидат измиени, но потребно е навистина малку. Доволно е да си подарувате цвеќе еднаш во неделата, или пак доколку гледате телевизија заедно, исклучете го светлото и запалете свеќи. Доколку сакате да уживате во тишината, пуштете само пријатна романтична музика. Обидете се секогаш домот да ви биде чист, за да не мора да се оптеретувате да расчистувате и да имате повеќе време еден за друг.

5. Поделете ги задачите во домот

Голем дел од причината за кавгите во бракот се домашните обврски. Едниот партнер може да се чувствува дека извршува многу поголем дел од обврските, па за да се избегне оваа тензија, поделете ги задачите. Бракот и децата се вашиот живот во моментот, не преземајте премногу обврски на себе за да не заборавите да уживате во животот.

6. Избегнувајте користење на телефони за време на заедничката вечера

Во денешно време, голем дел од луѓето се „залепени“ за своите телефони па дури и за време на семејната вечера. За да ја задржите блискоста и страста во бракот, важно е да одлучите дека телефоните нема да бидат дел од вашиот заеднички оброк. Разговорот е она што најмногу зближува.