Категории

6 нешта кои без проблем можете да ги делите со него

Додека разговорите за поранешниот се големо НЕ, следниве нешта слободно можете да ги делите со вашиот сакан…

# Десертот…колку и да ви е вкусно чоколадото или парчето торта, верувајте уште повкусно ќе биде ако го јадете заедно со него.

# Гардеробата…неговата кошула кога сакате да постигнете момчешки изглед и секако да не ги заборавиме и неговите боксерки во кои ќе му бидете неодолива.

# Парфемот…има нешто неодоливо во тоа да мирисате како него. Неколку капки од неговиот парфем на вашата кожа ќе постигнете незаборавни моменти.

# Вашите “најмрачни“ тајни…тој е вашата нова најдобра другарка, а мажите не озборуваат како девојките (барем повеќето од нив ). Отворете го срцето и кажете му што ве мачи…

# Селфија…симпатични фотографии на места на кои се наоѓате во моментот е одличен начин да ја намалите моменталната оддалеченост и да му покажете дека е секогаш во вашите мисли.

# Своите фантазии…поделете ги со него сите фантазии и желби.

Прегледи:
379
Објавено на:
17.04.2016