Категории

6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат!

Способноста да разговарате со секого е одлична вештина, како на професионално така и на приватно поле. Но дури и учтивите луѓе некогаш ненамерно поставуваат прашања кои може да предизвикаат непријатност. Ова се 6 прашања кои никогаш не треба да ги поставувате!

1. Дали е тоа мајка ти?

Доколку не сте сигурни каква е поврзаноста на луѓето во чие друштво се наоѓате, подобро не се обидувајте да погодите.

  • „Дали е тоа мајка ти/сестра ти/брат ти/синот?“
  • „Дали сте роднини?“

Ненамерно на овој начин може да ја наречете постарата сестра мајка, или луѓето кои не се сакаат – роднини. Фактот дека потсетуваат еден на друг за нив може да биде навреда.

2. Колку долго сте заедно?

Луѓето сакаат да зборуваат за својата врска и за врските на другите. Како и да е, доколку вашите соговорници не споделуваат детали од својот статус веднаш, тогаш подобро не ги прашувајте колку долго се заедно и дали се во брак или не. Темата „брак“ може да биде многу непријатна доколку луѓето имаат различни ставови по тоа прашање.

3. Кога ќе имате бебе?

Ова се некои од прашањата кои треба да ги избегнувате:

  • „Имате деца?“
  • „Бремена си?“
  • „Сакате момче или девојче?“

Ве уверуваме дека секоја мајка која има повеќе деца, го добива прашањето: „Сите се твои?“ И воопшто не се чувствува пријатно кога ќе го слушне тоа. Прашањето околу плановите за дете може мкногу да ги налути луѓето кои не сакаат да имаат дете, а да ги вознемири оние кои не можат да имаат. Прашањето дали е бремена може да звучи како навреда преку која се алудира на зголемени килограми.

4. Дали ќе остане на тебе засекогаш?

  • „Дали те болеше?“
  • „Дали е вистинско“
  • „Каде го направи?“

Многу мал дел од луѓето сакаат да им раскажуваат на непознатите за своите тетоважи, пирсови, суканици. Не треба да ги допирате и да поставувате непријатни прашања.

5. Зошто ти е потребно тоа?

Омиленото хоби е супер тема за разговор со непознати. Сепак, постојат прашања кои не треба да ги поставувате. На пример, не треба да ја прашувате личноста која има 5 кучиња зошто и е потребно тоа, или пак зошто некои луѓе имааат толку скапо хоби.

6. Колку чини?

Можеби прашувате за цената бидејќи вашиот пријател неодамна купи нешто слично и сакате да направите споредба, но секако тоа не е учтиво, бидејќи соговорникот може да помисли дека сакате да дознаете нешто повеќе за неговиот финансиски статус и нивната можност да си обезбедат одредени поволности.

Прегледи:
636
Објавено на:
09.05.2019