Категории

6 причини зошто е подобро да имате добар развод отколку лош брак

Истражувањата покажале дека секој четврти брак завршува со развод. Иако сакаме да живееме среќно до крајот на животот со брачниот партнер, тоа понекогаш е невозможно. Разводот не значи крај на животот. Во некои случаи, разводот дури може да донесе и добри работи. Еве неколку причини зошто е подобро да се разделите во мир отколку да останете во лош брак.

Ќе имате поголеми шанси да го запознаете „вистинскиот“

Кога сте во брак, несвесно го избегнувате спротивниот пол, а тоа е поради страв од љубомората на партнерот. На тој начин пропуштате можности да запознаете прекрасни луѓе со кои би можеле да склопите пријателство.

Тоа не е толку лошо, ако живеете во среќен брак, но ако вашиот брак ве гуши, пропуштате можност да го запознаете „вистинскиот“. По неуспешниот брак, шансите да го најдете вистинскиот за себе се зголемуваат.

Целата енергија може да ја насочите кон личниот развој и раст

Доколку сте престанале со тек на време да водите сметка за себе, сте се откажале од своето хоби, тоа значи дека сте се изгубиле себеси. Ако не се чувствувате убаво во бракот, ако партнерот не ве поддржува, време е да промените нешто.

Вратете се себеси. Целата енергија може да ја насочите кон своето сопствено задоволство оној момент кога ќе излезете од лошиот брак.

Ќе бидете посреќни

Со разводот ќе изгубите маж, но ќе добиете среќа. Истражувањата покажале дека разведените луѓе се многу посреќни, отколку кога живееле во лош брак.

Можеби тоа не ви изгледа така сега, но тоа е вистината. Животот е прекраток за да го потрошите на личност која тоа не го заслужува. И ако вашиот брак ве прави несреќни и неисполнети, време е да му кажете „збогум“.

Секако, најпрво следи шок, но потоа доаѓа ново поглавје во вашиот живот, а тоа, може да биде фантастично.

Вашите деца ќе бидат посреќни

Иако многу парови одлучуваат да останат во брак, токму поради децата, тоа е голема грешка. Децата гледаат сѐ и слушаат сѐ. Ним нималку не им е лесно да живее под притисок и тензија и секојдневно да слушаат кавги и зајадливи коментари.

Ваквата ситуаација дома може сериозно да ја уништи психата на детето, бидејќи тоа нема да има чувство што е здрав односи добар брак. Водете се по она правило: среќен родител, среќно дете!

Ќе ви се поправи здравјето

Лошиот брак го уништува здравјето на човекот. Постојаната напнатост, кавги, љубомора можат сериозно да го уништат вашето здравје.

Стидијата покажува дека животот во непријателско опкружување кое носи лош брак, може да го уништи здравјето исто како и алкохолот и хроничниот стрес на работа. Што значи, ако сѐ уште не сте се развеле од мажот кој дефинитивно не е вашата „подобра половина“, веројатно ќе патите од многу болести. Дури и ситната исекотина на вашата рака ќе залечи 49% поспоро, ако живеете во несреќен брак.

Ќе изгледате подобро

Иако можеби не сте ни започнале со диета, ќе изгледате подобро. тајната е во вашата внатрешна трансформација која се види однадвор. Многу луѓе по разводот го променуваат својот изглед и навики што допринесува подигнување на самодовербата.

Прегледи:
475
Објавено на:
07.10.2019