Категории

6 секси потези со рацете кои ќе го полудат вашиот партнер

Грабнете го, повлечете го кон себе, фатете го цврсто за косата… тоа се само дел од идеите за тоа како да го зголемите сексуалното задоволство кај вашиот партнер.

Доколку понекогаш не знаете што да правите со вашите раце во текот на „акцијата“, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат.

Приближете го

Со едната дланка опфатете му го вратот одзади, а со другата привлечете ја неговата глава кон вашите гради. Тоа ќе му покаже колку го посакувате.

Фатете го силно за косата

Со двете раце во неговата коса, малку погрубо повлечете му ја главата наназад. Тоа може да предизвика вистинска лавина од страст, бидејќи погрубите допири ја зголемуваат неговата возбуденост.

Милувајте го по грбот

Не е тајна дека мажите сакаат да ги почувствуваат женските раце и нокти на својот грб. Милувајте го нежно, а потоа и нежно поминете низ целиот грб одозгора надолу, па одоздола нагоре.

Допирајте ги своите гради

Мажите се визуелни личности, па сакаат да гледаат додека ги милувате своите гради, и тоа е сигурен пат до зголемена возбуда кај вашиот партнер.

Милувајте го по лицето

Ставете ги вашите дланки на неговите образи и гледајте го право в очи. На тој начин ќе можете да го видите неговото уживање.

Стискајте го

Зборуваме за неговите бицепси, но вие слободно пуштете ја вашата фантазија. Битно е да знаете дека стискањето, без да изговорите ниту еден збор, ќе му каже колку го сакате и го посакувате неговото тело, а тоа ќе му ја зголеми самодовербата.

Прегледи:
429
Објавено на:
09.12.2016