Категории

6-те најголеми моќи на прегратката!

Преку прегратките најлесно и најубаво ги покажуваме своите емоции кон партнерот, децата, роднините и пријателите. Притоа, се ослободуваат некои хормони кои му помагаат на телото и духот да се одржат во форма.

Прочитајте ги 6-те причини зошто е добро секој ден да им се препуштате на прегратките…

1. Ја намалуваат депресијата

Цврстата прегратка во траење од неколку секунди го поттикнува лачењето на допамин и серотонин кои ги нарекуваме хормони за среќа, бидејќи веднаш го подобруваат расположението.

2. Го намалуваат стресот

Кога ќе допрете некого, вашиот мозок им праќа сигнали на надбубрежните жлезди да одморат и забават, што директно го намалува производството на кортизол, а тоа ќе ви помогне да не се чувствувате вознемирено и загрижено.

3. Го намалуваат крвниот притисок

Силното гушкање исто така го поттикнува лачењето на окситоцин. Во текот на овој биолошки процес доаѓа до значителен пад на притисокот во телото, што има позитивно влијание на срцето и на целиот кардиоваскуларен систем.

4. Го подобруваат имунитетот

Комбинацијата од окситоцин, допамин и серотонин претставува силен коктел од хормони што го зајакнуваат имунолошкиот систем и ја градат отпорноста на телото од инфекции. Некои експерти токму затоа тврдат дека прегратката е подеднакво ефикасна како и таблетата со мултивитамини.

5. Ја намалуваат болката

Окситоцинот е природен аналгетик што ја намалува болката во кој било дел од телото. Затоа се чувствувате добро кога сте припиени до партнерот.

6. Емоционално приврзување

Најочигледната причина за делење прегратки е емоционалното поврзување со партнерот, децата или пријателите. Прегратката е многу важна емоционална врска поради која ќе се чувствувате сакано и заштитено.

Извор : Убавина&Здравје.мк

Прегледи:
436
Објавено на:
08.05.2018