Категории

6 утрински навики кои треба да ги избегнувате

Ако утрото по денот се познава, а тоа започне во брзање – и остатокот ќе помине хаотично зарем не? Од некои навики треба да се откажеме ако сакаме остатокот од денот да помине добро.

Суштината е во тоа утрото да даде тон на остатокот од денот. Ако денот го започнеме на вистински начин, ќе избегнеме лоши навики, остатокот од денот ќе имаме повеќе енергија, ќе бидеме посмирени и попродуктивни – советува Ала Алхусаини, колумнистка на порталот Medium.

#1. Туширање со врела вода
Нема ништо полошо од туширање со врела вода, тоа е дури одличен начин да се опуштиме после напорниот ден пред спиење. Меѓутоа утринското туширање со врела вода може премногу да ве опушти. Можете да паднете во искушение едноставно да се откажете од утринската рутина и да се вратите во кревет. Туширањето со врела вода ќе ви го поправи расположението но и ќе ве направи попродуктивни.

#2.Не го започнувајте денот со шолја кафе
Нашето тело природно произведува хормон наречен кортизол, поради што се чувствуваме будни, но кофеинот од кафето може да го спречи произдводството на овој хормон. Така со тек на време стануваме зависни од кофеин и нашиот организам произведува помалку кортизол. Најдобро би било кафе да не пиете пред 10 часот.

#3.Немојте да се излежувате
Утринската гимнастика важи за идеален начин да останете здрави и активни. Истражувањата велат дека вежбањето пред појадокот помага да изгубите вишок килограми ако го сакате тоа, затоа што организмот тогаш согорува повеќе масти од било кој друг дел од денот.

#4.Не ги одложувајте важните задачи
Силата на волјата и самоконтролата се прилично ограничени, и како одминува денот и нивниот интензитет се повеќе опаѓа, тврдат истражувачите. Додека вашата самоконтрола е на врвот, првото нешто кое треба да го направите наутро нека биде задача за која знаете дека подоцна нема да имате нити сила нити волја.

#5.Престанете да ги проверувате социјалните мрежи штом ги отворите очите
Голем дел од луѓето наутро прво ги проверуваат своите социјални мрежи за да ги дознаат најновите трачеви, вести, семејни случувања, но ова може да биде прилично стресно. Кога ќе се разбудиме од опуштениот сон и веднаш ќе не избомбардираат новите вести, мозокот добива премногу стимуланс што предизвикува стрес.

#6.Уште само 5 минути
Не го одложувајте алармот, не смао затоа што поради тоа ќе чувствувате грижа на совест и ќе бидете под стрес, туку и затоа што после тие 5 минути ќе се чувствувате поуморно од кога за прв пат сте се разбудиле. Обидете се да станете веднаш откако ќе ви заѕвони алармот и колку да ви е тешко и невозможно.

Прегледи:
499
Објавено на:
22.10.2021