Категории

6 знаци дека имате многу развиена интуиција

Интуитивните луѓе имаат способност да го проценат карактерот на одредена личност откако ќе го набљудуваат неколку минути. Освен карактерот го проценуваат и стилот на животот, способноста за манипулација, дали има скриени намери, дали е тажен, или пак, има големи проблеми во животот.

Едноставно, тие луѓе чувствуваат каква енергија испраќа другата личност – позитивна или негативна.

Овие 6 знаци укажуваат на тоа дека имате добро развиена интуиција:

1. Чувствувате дека некој ќе ви се јави

Дали ви се случило да помислите на некого дека ќе ви се јави и во тој момент телефонот заѕвонува? Тоа им се случува на луѓето со силна интуиција. Слично на ова е и моментот кга ќе помислите на некого кого не сте го виделе долго време и одеднаш се појавува сосема случајно.

2. Претчувствувате доколку некој близок е во неволја

На пример, одеднаш помислувате на некого и ве обзема чудно непријатно чувство и низ глава ви поминува мислата дека нешто лошо му се случило. Интуитивните луѓе можат да почувствуваат кога некој близок е во неволја и на крај се покажува дека тоа е навистина така.

3. Непознати места ви се чинат познати

Луѓето со изразена интуиција имаат спообност добро да се снајдат на места каде што никогаш претходно не биле, чувствувајќи се како веќе да биле тука некогаш. На пример, кога прв пат доаѓаат во нечиј дом, знаат каде се наоѓаат некои предмети без домаќинот да им каже, секако ова не важи за најосновните работи во домот туку за некои покомплицирани ситуации.

4. Сонувате нешто и тоа се остварува

Тоа со соништа кои делуваат многу реално и кога ќе се разбудите се чувствувате поинаку. Поединците со добро развиена интуиција многупати сонуваат нешто кое подоцна се остварува.

5. Со едноставен допир доаѓате до заклучок за некоја личност

Да речеме, се ракувате со некого, го погледнувате во очи и веќе знаете за него повеќе од што може да претпостави. Можете да дојдете до заклучок каков е, можеби и со што се занимава… Луѓето со исклучително развиена интуиција можат со допир на некои предмети да одредат на кого припаѓаат.

6. Знаете што ќе им се случи на другите

Интуитивните луѓе можат да почувствуваат кога ќе се случи нешто значајно во животот на блиските луѓе. Тука не се работи за тоа колку добро ја познаваат таа личност и нивниот живот – туку токму за оние непредвидени случувања. Тоа е способност да се предвиди тоа што никој не очекувал дека ќе се случи.

 

 

 

 

Прегледи:
474
Објавено на:
24.10.2017