Категории

7 јадења кои помагаат при болки во стомакот

Болките во стомакот, особено ако се пропратени со симптоми како јаки грчеви, гадење или дијареја, се огромна пречка за вршење на секојдневните обврски. Иако во вакви случаи вообичаено се препорачува едноставна диета од супа и бисквити, одредени јадења можат да помогнат во смирување на стомакот.

1) Банани

Ова овошје помага за стомачните болки поради тоа што содржи пектин, состојка која помага во природно зацврстување на отпадот од сварената храна во цревата. Бананите лесно се варат и не го вознемируваат стомакот, што е главната причина што се препорачуваат за надополнување на енергијата на (полу)маратонските тркачи.

2) Папаја

Папајата го подобрува варењето и помага при констипација. Ги содржи „магичните“ ензими папаин и химопапаин, кои помагаат за разградување на протеините и смирување на желудникот со промовирање на здрава кисела средина. Доколку не можете да ја набавите во свежа форма, побарајте таблети со екстракт од папаја.

3) Бел ориз

Белиот ориз не само што е лесно сварлив за осетливиот дигестивен систем, туку помага при дијареа така што ги апсорбира течностите и ја стврднува столицата.

4) Ѓумбир

Голем број на студии покажале дека ѓумбирот го подобрува дигестивното здравје и помага при гадење. Се препорачува неговиот внес да се лимитира на 4 грама дневно, во форма на прашок или пак свеж плод. Од него може да се прави и чај, со едноставно потопување на свежиот ѓумбир во зовриена вода.

5) Пире од јаболки

Како и бананите и јаболката се одличен извор на пектин. Доколку ги сварите и ги направите како пире, ќе бидат многу полесни за варење за чувствителниот желудник.

6) Чај од нане или камилица

Нането и камилицата се познати по своите лековити својства кога се работи за желудникот. Скорешни студии индицираат дека нането го активира каналот против болка во цревото, а помага и при гадење.

7) Јогурт

Повеќето млечни производи се штетни за вознемирениот стомак, но обичниот јогурт има сосема спротивен ефект. Клучно е јогуртот да има „активни култури“, кои го зголемуваат бројот на добрите бактерии во цревата, кои помагаат во варењето и во намалување на чувството на подуеност

Прегледи:
7500
Објавено на:
08.11.2016