Категории

7 карактеристики кои ги има вистинскиот

Како да препознаете дали вашиот моментален партнер е “принцот на белиот коњ“, односно оној кој е совршен за вас.

Прочитајте во продолжение…

# Секогаш се труди да биде љубезен…без разлика дали пријатно сте го изненадиле или не, тој се труди на фин начин да ви одговори и објасни доколку нешто сте згрешиле.

# Ве подржува во се…сакате да пробате банџи џампинг, да смените работно место, да ја офарбате косата во некоја неон боја…тој без разлика колку е “луда“ идејата тој е тука да ве подржи. Особено во тешките моменти.

# Ве засмејува…смеењето е важен дел од секоја здрава врска. Во моментите кога се оди надолу, тој е тука да ви покаже дека сепак после дождот доаѓа сонце.

# Сака да ве направи задоволна…тука мислиме за сите сфери на животот. Важно му е да се чувствувате среќно и задоволно.

# Не сака да ве менува…едноставно ве прифатил таква каква што сте.

# Кавгата не значи крај на врската…иако сте се испокарале, не му паѓа на памет да ве остави. Сака само да ги реши сите проблеми, а прекинот на врската не го гледа како решение.

# Пред се ве почитува…вашето време, мислење, довербата, семејството, пријателите и се што ви е важно.

Прегледи:
571
Објавено на:
27.03.2016