Категории

7 НАЧИНИ ДА СИ ГО ПОДОБРИТЕ РАСПОЛОЖЕНИЕТО ВЕДНАШ

Доколку се чувствувате нерасположено овие 7 лесни и интересни совети ќе ви помогнат да си го подобрите расположението и да можете да продолжите нормално да функционирате во текот на денот. 

Посегнете по небото

Застанете и исправете се. Истегнете ги рацете накај плафонот со прстите широко отворени. Тегнете го целото тело колку што можете повеќе. На овој начин вие ќе можете да дишете подлабоко и поголема количина на кислород ќе навлезе во вашето тело. Додека се тегнете насмејте се. Смеењето ќе му сугерира на вашиот мозок дека треба да бидете среќни.

2

Направете листа на завршени обврски

Сите имаме листа на незавршени обврски кои не прават да бидеме нервозни бидејќи немаме време да ги завршиме. Затоа направете си листа на работи кои сте ги извршиле и пофалете си се самите. Ако внесете доста работи во оваа листа вие ќе се чувствувате горди и среќни.

3

Фантазирајте

Искористете ја вашата имагинација за да си замислите дека сте на некое преубаво и релаксирано место. Замислете се дека сте на плажа или некоја висока планина. Некои истражувања покажуваат дека имагинарната слика може да ве направи да се чувствувате исто толку убаво како реална. Затоа затворете очи, замислете си ја локацијата и пробајте дури да го осетите мирисот од местото каде што се наоѓате.

4

Јадете јаглехидрати

Јаглехидратите го зголемуваат серотонинот (хормон за среќа) во организмот. Затоа јадете чоколадо или некоја многу вкусна торта. Се разбира не претерувајте, бидејќи многу шеќери ќе му штетат на вашиот организам.

5

Облечете светла облека

Соблечете ја црната маица, и облечете светла облека. Најдобри бои за стимулација на вашиот мозок се црвена, розова и жолта. Овие бои ќе го поткренат вашето расположение.

6

Пробајте акупунктура

Точката за ослободување од напнатоста, се наоѓа на мекиот дел помеѓу палецот и показалецот. Со палецот и показалецот на другата рака стиснете ја таа точка околу 5 секунди па пуштете, повторете го ова 5 пати. После петтиот пат ќе почувствувате олеснување и релаксираност.

7

Бирајте ги зборовите

Кога сме нервозни и нерасположени секакви зборови излегуваат од нашата уста. Почнувате да зборите дека ништо во животот не ви оди од рака, дека никогаш нема да се сменат работите и тн. Затоа почнете да ги бирате зборовите што ги кажувате. Кажете си дека некогаш работите се добри, а некогаш не и наеднаш чашата ќе ја гледате како полу празна – полу полна. 

8

Прегледи:
667
Објавено на:
11.02.2016