Категории

7 НАЧИНИ КАКО ДА ГО ПОДОБРИТЕ СПИЕЊЕТО

Квалитетниот сон е од големо значење бидејќи му помага на мозокот и на срцето, а секако има големо влијание и врз целото тело и надворешниот изглед. 

Додека спиете, вашето тело и дух се одмараат, а сите клетки од вашиот организам се регенерираат со што имунолошки систем јакне. Затоа е многу важно секоја вечер убаво да се одморите и вашиот организам да го израдувате со квалитетен сон, а еве и неколку начини како да го постигнете тоа:

Избегнувајте кофеин

Доколку имате проблем со заспивањето, веднаш престанете со конзумирање на кофеинот. Утринското кафе е секојдневна навика која скоро сите ја практикуваме, па доколку не можете да се одвикнете од овој ритуал наутро, тогаш избегнувајте кафиња во попладневните часови. Кофеинот долго време останува во организмот, па затоа пиењето попладневно кафе може да биде причина за несоница.

Откажете се од пушење

На сите ни е добро познато дека пушењето е штетно по здравјето и често е причина за многу болести. Одтсега имајте на ум дека пушењето цигари може лошо да влијае на вашиот сон и да биде пречка за квалитетното спиење.

Спалната соба користете ја само за спиење и секс

Собата во која што спиете треба да биде идеално место за добар сон, а тоа значи дека треба да биде темна и поладна соба каде што владее тишина. Најдобар начин за да ја направите соодветната атмосфера за спиење во вашата соба е да ги отстраните телевизорот и компјутерот.

2

Вежбајте

Вежбањето покрај тоа што е одлично за здравјето и за вашиот физички изглед, влијае многу врз вашиот сон. Доколку вежбате, на вашиот мозок и тело ќе им биде многу полесно да се одморат во текот на ноќта.

Температурата на собата е многу важна

Поладните соби се одлично место за квалитетен сон. Избегнувајте да спиете во соба каде што температурата е многу висока, бидејќи топлината лошо влијае врз вашиот сон. Идеална температура е околу 20 Целзиусови степени.

Секоја вечер легнувајте во исто време

На човековото тело му се потребни исти навики за да може подобро да функционира. Затоа, потрудете се секој ден да легнувате и да станувате барем во приближно исто време.

Користете техники за релаксирање

Научниците веруваат дека 50% од случаите на несоница се поради емоциналниот стрес. Многу е важно да најдете начин за се опуштите и ослободите од стресот и на тој начин ќе имате подобар сон. Докажани методи се читање, медитација, вежби итн.

3

Прегледи:
742
Објавено на:
06.07.2016