Категории

7 начини на кои нашата прва љубов и понатаму влијае на нас

Нашата прва љубовна врска е “формативна”, бидејќи станува основа за понатамошно дефинирање на љубовта. Таа е еден вид образец со кој ги мериме сите наши подоцнежни врски. Ова се 7 начини на кои нашата прва љубовна врска и понатаму влијае на нас:

1.Првата љубов ни покажува дали сме поврзани со некој на повисоко ниво

Нашето прво љубовно искуство ни покажува дали сме поврзани со некој на повисоко ниво и дали имаме емоционална поддршка и интимност со таа личност. Без оглед на тоа како завршува врската, ова ни дава можност да доживееме цел спектар на емоции кои подразбираат љубов.

2.Првата љубов нѐ учи како да ги ставиме другите пред нас

Првата љубов нè учи да го гледаме светот надвор од нас и да размислуваме за другите. Да научиме како безусловно да сакаме, исто така, нè учи како да го ставиме нашето его настрана. Овие лекции ќе ни помагнат во било која подоцнежна врска која ја формираме за време на нашите животи.

3.Учиме како да комуницираме и како да ги решиме проблемите

Нашата прва љубов нѐ учи како да комуницираме и како да се справиме еден со друг. Научете како да креирате безбеден простор за здрава комуникација.

4.Разбираме што сакаме во врската и кои ни се слабите точки

Нашиот прв однос ни помага да ја истражиме и да ја зголемиме нашата свест. Ни помага да ги откриеме нашите желби и приоритети, да разбереме што сакаме во нашиот однос и кои се нашите слаби точки.

5.Нè инспирира да бидеме подобра личност

Првата љубов има силен интензитет и детска невиност. Чиста магија на првата љубов нè инспирира да веруваме во добрината во светот. Поради неа сакаме да станеме подобра личност и да ја вратиме таа љубов.

6.Ја разбираме разликата помеѓу заљубеноста и зрелата љубов

Нашето прво љубовно искуство нè учи да направиме разлика помеѓу заљубеноста и зрелата љубов. Не учи дека пеперутките во стомакот исчезнуваат, а вистинската љубов бара работа и посветеност. Првата љубов нè учи да ја прифатиме искреноста и нашата сопствена ранливост.

7.Сфаќаме дека можеме да го преживееме кршењето на срцето и повторно да сакаме

Кога за прв пат ќе ни се скрши срцето, тоа е крајно болно искуство, но учиме како да преживееме и како да продолжиме понатаму. Првата љубов нè учи дека ако можеме да сакаме еднаш, можеме да сакаме повторно.