Категории

7 неверојатни факти во чија вистина ќе се посомневате

1. Во Тајван постои ресторант во кој храната се служи во чинии со форма на минијатурна ВЦ школка.

2. Морковот бил виолетов! Кон крајот на 16. век холандските земјоделци почнале со мутации да го менуваат виолетовиот морков и постепено се создал нов вид кој е сладок и портокалов.

3. На глобално ниво, за секој човек има по 1.6 милиони мравки.

4. Најголемото семејство живее во Индија. Мажот има 39 жени и 94 деца.

5. Во име на љубовта кон сопругата маж насадил 7.000 дрва кои формираат гитара.

6. Хитлер, Наполеон и Мусолини имале аилурофобија, односно страв од мачки.

7. Во 2011. година за 10.000 долари е купено невидливо уметничко дело наречено „свеж воздух“.