Категории

7 неверојатни факти за Пабло Пикасо кои досега не сте ги знаеле

Со обзир на тоа дека целиот свој живот го посветил на уметноста, не е ни чудно што неговиот живот бил отворена книга, се зборувало и за неговите љубовници, кавги во кои учествувал, па дури и за неговата приврзаност кон кошулите во пруги.

Пабло Пикасо е еден од оние генијалци кои не оставиле никакви тајни кога станува збор за создавањето на уметност. Почнал да работи на многу млада возраст, неговата прва слика Le Picador, ја создал на 9-годишна возраст и оттогаш не престанал да работи сѐ до својата смрт.

На прв поглед би можеле да кажеме дека нема ништо ново што би можело да го разоткрие Пикасо, но кога ја откриле сликата скриена позади Сината соба, сепак покажало дека постојат уште многу факти поврзани со него.

Празноверието го натерало да работи

Како што е веќе споменато, Пикасо се преоптеретувал со работа. Од 91. година, поминал 80 години од животот во создавањето уметност. Зошто? Тој верувал дека напорната работа ќе го одржи во живот. Тоа довело до проценетите 50.000 произведени уметнички дела, од кои повеќе од 15.000 слики, околу илјада се скулптури, повеќе од 2.000 се керамика, а другите се безбројни цртежи.

Неговите љубовни врски служеле како инспирација, но се самоуништувале

Освен што бил најпознат сликар на 20. век, Пикасо бил познат и по неговите љубовни афери. Во текот на својот живот, уметникот се женел два пати, имал шест познати љубовници и многу, многу други љубовници, кои му служеле како музи за создавање на многу од неговите најпознати дела. Неговиот последен брак бил во 79. година од животот со Жаклин Роке, која имала само 35 години.

Неговата краткотрајна опсесија со сината боја била поврзана со депресија

Пикасо не фаворизирал некоја одредена палета на бои, како што и немал само една муза. Во текот на неговата уметност, стручњаците забележале дека одреден период гравитирал според одредена боја и дека со текот на времето оваа опсесија исчезнала. На пример, од 1901. до 1904. година, Пикасо сликал само со сина палета.

Тоа била ссоодветната боја за осаменоста и депресијата која ја претрпел откако го изгубил својот пријател Карлос. Некои од неговите најпознати слики кои се инспирирани од овој период се Blue NudeLa Vie и The Old Guitarist.

Имал и розова фаза инспирирана од љубовта

Пикасо се преселил во Париз во 1904. година, каде што бил сконцентриран поголемиот дел од европското уметничко движење. Кога завршил неговиот син период, почнала друга фаза и може да се каже дека тогаш била неговата афера со моделот Фернанде Оливие која го поттикнала. Ја заменил сината нијанса со потопли бои како што е црвената, розовата. Сепак, овој период траел кратко, од 1904. до 1906. година.

Африканските маски се инспирирани од неговиот стил – кубизам

Без сомнение, кубизмот е една од најзначајните допринеси на Пикасо во уметноста. Кубизмот бил иновативна сила позади апстрактната уметност и бил сроден на други стилови како што се конструктивизмот и неопластицизмот. Пикасо го создал кубизмот со неговиот пријател Жорж Брак. Очигледно, Пикасо оваа идеја ја добил од старите дела на уметникот Пол Сезан и африканските племенски маски, на кои бил голем обожавател.

Војната и конфликтите ги промениле неговите општествени ставови и уметничка визија

Пикасо живеел за време на политички и општествени движења, што го направило хиперактивен и вклучен во политичките движења. За време на Шпанската граѓанска војна, го сликал воздушното бомбардирање на градот Герника. Тој ги „заробил“ масакарот на невини лица во еднобојни бои кои алудирале на страница од весник. Сликата исто така била протест против фашизмот.

Во текот на окупацијата на Франција 1939. година, Пикасо е испрашуван од страна на нацистите, но никогаш не бил уапсен и продолжил со својата работа. По Втората Светска војна, стилот на Пикасо станал мрачен со аголни облици и хаотични теми.

Во текот на своите последни денови, го создал својот автопортрет

Една година пред смртта, Пикасо нацртал автопортерт со помош на моливи и боици. Ова уметничко дело е познато како Self Portrait Facing Death. Широките очи и рамната уста предизвикуваат анксиозност и страв, поради што критичарите веруваат дека овој автопортрет е искрен приказ на стравовите и грижите на Пикасо.