Категории

7 ноќни закуски кои имаат малку калории и не го нарушуваат сонот

Дали ви се случува доцна во ноќта да почувствувате глад, иако знаете дека не треба да јадете пред спиење. Не се грижете, постојат неколку намирници кои имаат малку калории и не го нарушуваат сонот, па можете без грижа на совест да ги јадете кога сакате.

Пуканки
Три чаши пуканки ќе бидат доволни за да ве најадат.

Јагоди и темно чоколадо
Неколку коцки чоколадо и неколку јагоди ќе ве најадат, а во исто време ќе ја задоволат вашата потреба за благо. Сепак, не претерувајте. Половина чаша јагоди и 30 грама чоколадо.

Кефир
Чаша кефир е совршен оброк пред спиење, има околу осум грама протеини и околу 100 калории. Може да се зачини со малку ванила или цимет.

Домашно смути

Смути од цреша е најдобар избор, бидејќи црешите се извор на мелатонин, хормон кој го подобрува квалитетот на сонот.

Фстаци
Јадете фстаци во лушпа, бидејќи ќе морате да ги исчистите и така подолго време ќе ги јадете, а ќе изедете и помалку.

Сирење и овошје

Ова е одлична комбинација, вкусна и слатка. Покрај тоа, ќе ви даде рамнотежа на јаглехидрати, масти и протеини.

Јогурт
Јогуртот е богат со протеини кои помагаат при контрола на апетитот, додека калциумот ги смирува мускулите. Можете да додадете мед или цимет во јогуртот.