Категории

7 прехранбени производи кои никогаш не треба да ги чувате во фрижидер

Производите како месо или јајца секогаш мора да ги чуваме во фрижидер, но ниските температури на некои други производи можат само да им нанесат штета. Погледнете кои работи не треба да ги ставате фрижидер иако досега веројатно сте ги чувале таму…

1. Мед

Чувајте го добро затворен на суво место. Најдобрата температура за медот е помеѓу 17 и 19 степени Целзиусови, но нема да се расипе и доколку температурата е пониска или повисока од препорачаната. Добриот мед со текот на времето ќе се кристализира, а фрижидерот го забрзува тој процес.

2-7-prehranbeni-proizvodi-koi-ne-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-iako-do-sega-ste-go-pravele-toa-

2. Кафе

Можеби до сега сте чуле од некој дека кафето треба да го чувате во фрижидер, но ако сакате да го зачувате неговиот вкус најдобро е да го чувате на собна температура, на суво и темно место. Големата количина на влага што ја има во фрижидерот не му одговара на кафето.

3-7-prehranbeni-proizvodi-koi-ne-treba-da-gi-chuvate-vo-frizhider-iako-do-sega-ste-go-pravele-toa-

3. Леб

Многумина мислат дека ќе ја зачуваат свежината на лебот доколку го чуваат во фрижидер, но тој на ниски температури го губи вкусот и станува бајат.

1 2

Прегледи:
709
Објавено на:
30.04.2016