Категории

7 работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години

Има многу работи кои треба да ги направите пред да влезете во четвртата деценија од вашиот живот. Она што е најважно е да не губите верба во себе и да не се откажувате. Можеби ќе ви бидат потребни неколку години за да ги остварите повеќето работи на оваа листа, можеби ќе ве фати паника и ќе почувствувате замор. Но, едно е сигурно: Ќе бидете среќни што сте ја презеле контролата врз својот живот и што не сте барале изговори за своите постапки. Во продолжение прочитајте ги 7-те работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години.

1. Не мора да ја сакате првата работа

Доколку почнувате со кариерата, слободно прифатете работа во која не сте баш „заљубени“ и бидете најдобри во неа. Воодушевете го шефот, работете дополнителни задачи, бидете колегијални. Немојте да се жалите. Можеби платата нема да биде толку добра на почетокот и се разбира тоа нема да биде работата од вашите соништа, но еден ден вашиот труд ќе се исплати и можеби благодарение на оваа работа побрзо ќе ги исполните своите желби.

2. Патувајте сами

Без најдобрите пријатели, без вашиот партнер, без родителите. Обрнете внимание на деталите, независно дали се работи за проверување на багажот, читање на мапите или снаоѓање низ улиците во некој непознат град. Испробајте ги своите граници и пребродете ги своите стравови. Така ќе научите подобро да комуницирате и со себеси и со другите.

3. Доколку постои нешто што силно го посакувате, направете сè за да го остварите

Читајте инспиративни книги кои ќе ви помогнат да сфатите како да дојдете до целта. Направете „табела на визиите“ и залепете ги на неа фотографиите од нештата што ги сакате. Се разбира, обидете се овие работи и да ги остварите. Доколку имате желба да одите на студии во странство, побарајте емотивна и финансиска поддршка од родителите или побарајте работа за сами да заработите за тие студии. Аплицирајте на универзитетите на кои сакате да студирате. Учете го јазикот кој ви е потребен за таа земја. Каква и да е вашата желба, најважно е да се осмелите и да си докажете себеси дека вие тоа го можете.

1 2

Прегледи:
622
Објавено на:
23.03.2016