Категории

7 работи кои треба да ги направите пред да наполните 30 години

4. Направете нешто лудо, смешно и некарактеристично

Нешто што секогаш ќе можете да го прераскажувате. Најдобрите работи можете да ги направте кога нема премногу да ги анализирате своите постапки. Опуштете се и играјте како да сте пијани, иако не сте. Патувајте 24 часа без престан, престанете да се дружите со пријателите кои лошо се однесуваат со вас, запејте со непознати луѓе… Списокот е бескраен. Вашите 20-ти години треба да бидат исполнети со моменти на кои секогаш ќе се сеќавате со насмевка на лицето.

5. Погрижете се за себе

Без оглед на тоа дали од шефот ќе побарате поголема плата бидејќи сметате дека ја заслужувате или ќе речете некому да не ве третира како личност без вредност, вие треба да научите да се заштитите себеси и да бидете малку поагресивни. Научете кога треба да речете „да“ и како на луѓето да им дадете до знаење дека вашето „не“ навистина значи „не“.

6. Научете се да се грижите за своите пари

Никој не вели дека мора да бидете милионери, но обидете се да заштедите доволно пари за да можете да живеете сами. Правете белешки и водете евиденција за своите трошоци. Доколку земете кредитна картичка, водете сметка како ја користите. Обидете се за заработите и да заштедите доволно пари за самите да си ги платите сметките. Тоа се ваши лични пари и се разбира имате право повремено да се почестите, но бидете одговорни во трошењето.

7. Пронајдете партнер кој нема да ве кочи, во ниедна смисла

Вистинската љубов е онаа која ви овозможува да созревате и да растете како личност. Доколку имате среќа, таквата личност ќе ја пронајдете во своите 20-ти. Вашата мотивација може да биде токму вашата сродна душа, кариерата или пак, вашето хоби. Доколку вашиот партнер е тој кој ве поттикнува, тогаш погрижете се тоа да биде некој кој ќе направи да се чувствувате незаменливи и неопходни. Доколку кариерата е она што ве мотивира во животот, тогаш не би требало никогаш да се чувствувате искористени или принудени. На крај, доколку се работи за вашето хоби, тогаш потрудете се тоа да не ви го одвлекува вниманието од вашите работни обврски.

1 2

Прегледи:
623
Објавено на:
23.03.2016