Живеењето во кралско семејство не е лесна задача. Покрај учтивоста и стилот на облекување, членовите имаат и многу специфичен вокабулар. Според Кејт Фокс, социјален антрополог и автор, една грешка во изговорот може да открие не толку благородно потекло. Па, ако некогаш сакате да се мешате со елитата од англиското општество, тогаш треба да ги избегнувате овие 8 зборови и ќе бидете достојни за прием кај кралицата.
1. Извини
Ако принцот Вилијам не слушне што зборувате, тој ќе ве препраша со зборот „Што?“. Зборовите како „Жалам“ или „Извини“ не се употребуваат многу помеѓу високата класа, без оглед на тоа колку љубезно звучат.
2. Кауч
Кралицата Елизабета може да помине еден мрзлив ден на софа, но никогаш на клупа или кауч.
3. Дневна соба
Што се однесува до собите за дневен престој со софа, Бакингемската палата има простории за цртање, простории за седење, но не и типична дневна соба.
4. Тато
Просечниот Британец ги нарекува своите родители „мама“ и „тато“. Но, принцот Чарлс ѝ се обраќа на својата мајка понежно, со зборот „мамичка“, а на својот татко со „татичко“.
5. Парфем
Дијана, принцезата од Велс, сакала да носи парфем, но никогаш не го нарекувала така. Во изразувањето таа велела мирис или арома, но никогаш парфем.
6. Двор
Ако принцот Џорџ и принцезата Шарлот сакаат да одат надвор, нивните родители ќе ги однесат на тераса, а не во двор.
7. Луксуз
Ако учењето на сето ова прави да се чувствувате „луксузно“, тогаш не изговарајте го тоа. Високата класа го користи зборот „паметно“, а „луксуз“ може да се користи само за иронија и забава.