Категории

7 животни лекции од најскромниот поранешен претседател на Уругвај

Вака треба да изгледа еден претседател. Вистински лидер кој е скромен и сочувствителен. Вистински херој. Хозе Мухика, познат како Пепе Мухика, беше претседател на Уругвај од 2010 до 1015 година. Но, неговиот живот бил исполнет со различни периоди, подеми и падови. Бил затвореник, а потоа станал претседател на Уругвај.

Кога бил избран за 40-ти претседател на Уругвај, Хозе Мухика соопштил дека ќе донира 90% од неговата месечна плата во добротворни цели. Одбил да се пресели во претседателската палата и останал во двособната куќа со фарма каде што живеел со својата сопруга. Тој дури и продолжил да го вози својот автомобил од 1987 година.

Ова е човекот од кого може да се научи многу. Неговиот концепт за живеење и животен стил се реткост во денешниот свет. Ова се животните лекции од Хозе Мукика кои треба сите да ги запомниме:

1. Пронајди ја својата страст и задржи ја

„Работев на поле и така преживував, а потоа решив да и се посветам на мојата битка за промени, да го подобрам животот во општеството. Мојата цел е да постигнам помала неправда во Уругвај. Да им помогнам на најранливите и да оставам позади себе политички начин на размислување“.

2. Делувај на свој начин

„Која е лекцијата тука? Што и да сакаш да постигнеш, без разлика за каква работа станува збор – не постои правилен начин да се заврши. Сите оние луѓе кои те инспирирале во животот – секој од нив направиле потези кои никој пред нив не ги направил. Тие чекореле по сопствен пат. Да, грешеле многу пати, но успеале повеќе отколку што можеле да замислат!“

3. Остани скромен

„Јас имам начин на живот кој не е променет поради тоа што сум претседател. Да се биде претседател значи да имаш висока функција. Не си крал. Не си Бог. Не си поглавицата на племето која знае сѐ. Ти си слуга на граѓаните.“

4. Ако го сакаш она што го правиш, парите не се важни

„Живеам со малку. Само со она што ми е неопходно. Не сум врзан за материјалните работи. Зошто? За да имам повеќе слободно време. Што да правам со него? Она што го сакам.“

„Јас заработувам повеќе отколку што ми е потребно, дури и ако тоа не е доволно за други луѓе.“

5. Сиромашен си само ако мислиш дека навистина си

„Сиромашни се оние луѓе кои само работат за да го одржат скапиот начин на живот и секогаш сакаат повеќе и повеќе… “ На прозивките дека е најсиромашниот претседател на светот, тој вели: „Сиромашни се оние кои ме опишуваат така. Мојата дефиниција за сиромаштија се оние кои сакаат многу, бидејќи тие никогаш не се задоволни.“

6. Ти си слободно суштество

„Слобода значи да имаш време да живееш. Јас сум слободен затоа што имам време да го трошам на работите кои ги сакам, што можеби не важи за некои други луѓе. Тоа е слобода. Тоа е слободен избор.“

7. Помалку е повеќе

„Ако не поседуваш премногу, тогаш не мора да работиш целиот твој живот како роб за да ги задржиш, а на тој начин имаш повеќе време за себе. Помалку време поминато на безначајни нешта значи повеќе време за фокусирање на страста.“