Категории

8 годишно девојче ќе ве натера добро да размислите (ВИДЕО)

Во младите е иднината, а доколку сите млади вака размислуваат, нема да треба да се грижиме за иднината. 

Ова 8 годишно девојче ќе ве натера да размислите за сериозни проблеми на општеството, кои можеби никогаш не ви ни паднале на памет.

maica-1

Родовата нееднаквост е голем проблем во општеството, а решението на големите општествени проблеми е преку будење и подигање на свеста за постоењето на таа појава.

Ова девојче зборува за разликата на машката и женската детска облека, а всушност говори за еден цел спектар на нерамноправности на кои се изложени жените во било која фаза во животот.

 

Облеката навидум е банално прашање, но ова девојче се прашува зошто облеката на девојчињата е проста и едноставна, со натпис како „Hey!“, а машката е со натписи кои будат размислување, го потикнуваат авантуристичкиот и истражувачки дух.

Девојчето се прашува зошто улогата на жената е да биде фигура во општество водено од мажите, а дали рамката на таквото однесување е потикната и од едноставно нешто како натпис на маица.

maica-12

Веројатно погодивме дека никогаш не сте размислувале на оваа тема, се надеваме дека ова девојче ви беше инспирација да размислите, да ја согледате околината и да се трудите да правите промени, да барате и давате рамноправност во општеството.

МЃ

Прегледи:
445
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
02.10.2016