Категории

8-годишно момче ја прегрнува медицинската сестра која му дала дел од црниот дроб за да преживее

Ова 8-годишно младо момче денес живее здрав и убав живот четири месеци по трансплантацијата на црниот дроб. Медицинска сестра од одделот за интензивна нега при трансплантација, која била трогната од неговата приказна и решила да му помогне давајќи дел од својот црн дроб за да му го спаси животот.

На 25 април додека бил во својот дом, Брејден (8) се разболел трпејќи големи болки во стомакот и дијареа. Неговите родители мислеле дека станува збор за грип сè додека не забележале дека очите на Брејден се жолти.

Тие веднаш го однеле во болница, а за кратко време и неговата кожа почнала да пожолтува. Брејден бил примен во детската медицинска установа во Милвоки на 26 април. Откако направиле ултразвук, лекарите откриле дека неговиот црн дроб функционира неправилно. По неколку дена, црниот дроб на Брејден престанал да работи целосно.

Преплашените родители веднап започнале да бараат соодветен донор за нивниот син. Голем број од членовите на семејството се тестирале како и пријателите, но никој од нив не бил компатибилен за да биде донор.

Ками Лориц, медицинска сестра која работи во одделот за интензивна нега при трансплантација во медицинската установа Фредерт во Милвоки, слушнала за состојбата на Брејден и сакала на некој начин да помогне. Таа се пријавила да биде донатор и одлучила да му даде дел од црниот дроб на Брејден. 

Откако операцијата била успешна, тие двајца се сретнале и не можеле да престанат да се прегрнуваат.

„Сега, кога поминаа речиси 4 месеци од трансплантацијата, прекрасно е да се види како Брејден повторно ужива да биде дете, без страв и грижи! Јас сум пресреќна дека неговото семејство повторно го гледа своето мало момче живо и здраво “, изјавила Лориц. Донацијата на органи е најдобар концепт за спасување на животи!