Ова се осумте најголеми заблуди за сексот:
1. Што поголем – тоа подобро
Големината на машкиот сексуален орган е сексуална тема која постојано се појавува – всушност, големината нема никаква улога во однос на квалитетот на сексуалноста. Ерогената зона жени се наоѓа на клиторисот и на усните на устата. Освен тоа, вагината е многу флексибилна и може да се прилагоди на големината на пенисот.
2. Во када не е потребна заштита против несакана бременост
Не, не повторно! Каде и да сте го прочитале ова- заборавете! Спермата не умира во жешка вода, Затоа, претходно играјте на сигурно и заштитете се.
3. Напитоците го менуваат вкус на спермата
Да тоа е делумно точно- условот е дека треба да пиете сок неколку часа пред секс. Најчесто се пие сок од ананас, бидејќи суровината што ја содржи докажано го менува вкус на сперма. Меѓутоа, промената на вкусот се случува и во друг правец – лукот и никотинот и даваат непријатен вкус на ејакулацијата.
4. Вагиналниот оргазам е единствениот вистински оргазам
Ова верување најмногу се шири меѓу мажите. Драги дечки, ова е исклучок од правилата и всушност постојат многу малку жени кои можат да го доживеат оргазмот само со стимулирање на ѕидната слузница. Повеќето мажи сега сигурно ќе речат: „Но, секоја жена со која до сега бев сигурно имала вагинални оргазми!” Може само да ви честитаме на тоа. Значи, без загриженост, ако ви е потребна мануелна или орална помош – направете го тоа.
5. Сексот е добар само ако заедно завршиме
Не сте доживеале заедно оргазам? Па што тогаш ?! Малку е веројатно дека ќе завршите заедно. Некои можат подобро да се усогласат, а некои и не. Но тоа не е причина да не биде добро – земете доволно време за двајцата, учете еден за друг, експериментирајте и внимавајте да дојдете на свое.
6. Порно филмовите се исклучиво за мажи
Тоа е заблуда, која не постои во вистината! Порно филмови гледаат и мажите и и жените – и најчесто истите.
7. За време на менструацијата не може да забремените
Општо земено: секогаш користете заштита ако не сакате да забремените. Иако е многу е мала веројатноста дека ќе се забремените во време на менструација, но сепак постои шанса.
8. На жените секогаш им треба предигра
Ако некој е лудо „заплен“ на некого, знае дека тоа не е точно. Секако дека е убаво да се земе многу време за некој. Сепак, дефинитивно постојат ситуации кога едноставно сакаме веднаш да се „фрлиме на работа“!