Категории

8 навидум мали но сепак големи знаци на личен раст

Сите ние треба да пробуваме да бидеме подобри од она што сме биле вчера. Во ваквите ситуации подобрувањата вообичаено не се видливи веднаш. Еве 8 навидум мали, но всушност големи знаци на личен раст:

  1. Им давате до знаење на луѓето дека Ве повредиле, им кажувате дека Ве повредиле наместо да им се лутите.
  2. Ги бришете долгите лути пораки и наместо нив пишувате „Ајде да зборуваме за ова во живо“.
  3. Веќе не им дозволувате на другите луѓе да ги диктираат Вашите акции и што „треба“ да правите.
  4. Веќе не велите дека сте мрзеливи туку се прашувате „Кој дискомфорт пробувам да го избегнам?“
  5. Не се карате и не пробувате да му објасните нешто на некој чија цел е намерно да не Ве разбере.
  6. Попрво би биле сами со себе отколку да бидете во друштво каде треба да барате да бидете слушнати.
  7. Веќе не пробувате да ги „поправите“ другите.
  8. Одлучувате да се тргнете од социјалните медиуми кога ќе видите дека вашите споредувања со другите стануваат токсични.
Прегледи:
319
Категории:
Животен стил
Објавено на:
01.11.2022