Категории

8 невообичаени начини да се ослободите од вишокот килограми

Ослободувањето од вишокот килограми најчесто го поврзуваме со исцрпувачки тренинзи, строги диети и слични работи кои не ни претставуваат задоволство. Но знаевте ли дека постојат и сосема забавни, но и невообичаени начини преку кои можете да се ослободите од вишокот килограми? Ова се некои од нив.

1. Шопинг

Шопингот знае да биде потежок отколку што звучи. Прво, за да го пронајдете тоа што го сакате, понекогаш треба да го прошетате целиот трговски центар, што значи дека шопингот може да трае и до два-три часа. Друга придобивка од шопингот се кесите, кои се понекогаш тешки како утези ва вежбање. Тричасовниот шопинг е приближно еквивалентен на еднократен тренинг на велосипед, каде трошите околу 500 калории.

2. Чистење

Со чистењето на домот го одржувате вашето тело во форма. За половина час чистење можете да потрошите 85 калории.

3. Вино

Научниците од Универзитетот во Алберта тврдат дека една чаша црвено вино може да го замени целиот тренинг. Виното содржи супстанции кои ја забрзуваат работата на срцето, како и продуктивноста на мускулите. Но не треба да претерувате, се препорачува само една чаша.

4. Пеење

Пеењето ги активира мускулите и е навистина добра вежба. За да согорите 100 калории, треба да пеете еден час или да вежбате интензивно 15 минути.


5. Донирање на крв

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Калифорнија, донирање на половина литар крв согорува околу 650 калории.

6. Бакнеж

Овој метод ќе ви помогне да изгубите повеќе од 60 калории – само треба да се бакнувате еден час.

7. Смеење

Истражувачите од универзитетот Вандербилт велат дека смеење (10 до 15 минути) може да согори 10-40 калории.

8. Хорор филмови

Научниците тврдат дека кога гледаме хорор филмови во телото се лачи адреналинот, со што се намалува апетитот и се забрзува метаболизмот.