Категории

8 работи кои ги научив додека сите другарки се омажија

1. “Типот” на мажи кој ти се допаѓа, се менува.

Ако во почетокот паѓаше на “лоши момци”, со тек на време почнуваш да бараш некој кој ти дава чувство на стабилност, некој кој те поддржува, некој за чие внимание не треба да се бориш, некој на кого можеш целосно да му веруваш.

2. Да се пронајдеш себе е поважно од тоа да се омажиш.

Да се пронајдеш себе си не е само начин на живот, тоа значи многу – да откриеш што те прави среќна, да знаеш сама како да ги лекуваш повредите, да имаш соништа за кои ќе се бориш, да најдеш работа, да знаеш која е твојата следна ваканција… Потоа ќе можеш да го пронајдеш и вистинскиот човек со кого ќе го споделиш сето тоа.

3. Врските со различни луѓе те заморуваат, но од нив ќе научиш многу.

Кога една врска ќе заврши, без разлика во кого е причината, секогаш се чувствуваш уморно, секогаш чувствуваш тага. Но кога ќе погледнеш во себе, сваќаш дека си научила нови работи – за љубовта, за себе, за она што сакаш да го дадеш и за она што сакаш да добиеш…

4. Нема ништо повредно од верните пријатели.

Верните пријатели се оние кои се до тебе секогаш и во се. Тие се рамо на кое можеш да се потпреш. Тоа се луѓето кои ќе ти помогнат да се пронајдеш кога губиш. Тие се непроценливо богатство, кое треба да се негува. Тие луѓе не треба да ги игнорираме – дури и кога мажот до тебе те тера кон тоа …

1 2

Прегледи:
686
Објавено на:
20.05.2016