Категории

8 работи кои ги научив додека сите другарки се омажија

5. Не се помирувај со било каква врска, едноставно затоа што ти е страв да си сама.

Не треба а бидеш во врска со некој само затоа што си била сама премногу долго. Или затоа што не си навикната да бидеш сама. Не останувај во една врска, само затоа што ти е страв да излезеш од зоната на комфорот. Биди храбра и сакај го од врската она што го заслужуваш. Ако не го добиеш, прекине ја.

6. Децата не се начин да се прицврсти една врска.

Децата не се начин да ги решите проблемите меѓу себе. Или да ги зајакнате односите. Тие се само привремено решение што ќе ви помогне да не мислите за слонот во собата. Порано или подоцна, проблемите повторно ќе испловат на површината. И ако тие се нерешливи, ќе страдате не само вие, туку и децата …

7. Можеш да се забавуваш и сама.

Можеш да патуваш. Можеш да пишуваш. Можеш да менуваш работата, додека ја најдеш онаа која те тера да се чувствуваш задоволно. Да бидеш сама и да биде независна е прекрасно чувство. Наслади му се на моментот! Бидејќи нема да трае засекогаш …

8. Бракот не е клучот за среќата.

Свадбата не е гаранција за среќен и мирен живот. Ако пред тоа не си успеала да постигнеш мир со себе, ако не успеа да откриеш каде се крие сопствената среќа, нема да постигнеш и кога ќе се омажиш. Човекот до тебе не може да ги реши твоите проблемите – тоа треба да го направиш ти.

1 2

Прегледи:
687
Објавено на:
20.05.2016