Категории

8 работи кои ќе ги видите само ако го посетите Дубаи

Дубаи веќе неколку години е една од најпопуларните светски дестинации. Овој град е град на луксузот, има неверојатни градби и морски брегови кои ќе направат да се чувствувате како во рајот.
Меѓутоа, Дубаи не е само совршена летна дестинација. Во овој град има работи кои ќе ве остават без текст.

 

  • Неверојатно моќни полициски автомобили

Дубаи е познат по својот полициски возен парк кој ги има најскапите и најбрзи суперавтомобили во светот.

 

  • Напуштени луксузни автомобили

Во улиците низ Дубаи можете да видите многу луксузни автомобили кои буквално корозираат и пропаѓаат, затоа што нивните сопственици банкротирале, па ги оставиле да исчезнат во песочната прашина.

 

  • 77% од населението не е родено во Дубаи

Само 23% од населението во Дубаи е таму родено. Останатите луѓе се дојдени од сите страни на светот за да заработуваат и да ги остварат своите соништа.

 

  • Несекојдневни домашни миченичиња

Во Дубаи живеат дел од најбогатите и најмоќни луѓе, па често можете да забележите луѓе кои наместо куче шетаат леопард или тигар.

 

  • Дубаи се менува со неверојатна брзина

За само 15 години овој град стана речиси непрепознатлив.

 

  • Хотели кои изобилуваат со злато

Burj Khalifa хотелот има толку многу злато што сликата на Мона Лиза би можела да се прекрие 46 265 пати.

 

  • Роботи кои возат камили

Овој спорт е креиран за богатите да се обложуваат и да уживаат . Програмирани роботи се ставени на камилите, додека набљудувачите се обложуваат кој робот ќе биде најдобар возач.

 

  • Стаклена оаза поголема од Монако

Во план е изградба на голема природна оаза која ќе биде сместена под стаклена купола и која ќе има поголема површина од Монако. Целта на оваа оаза е во пустинскиот град да се направи парк кој ќе овозможува пријатни температури и одмор во природа и зеленило.