Најпрво, се надеваме дека никогаш нема да дојде до момент кога ќе треба да искористите некоја од следните техники, но доколку тоа сепак се случи, важно е да се изборите да останете живи.
Најпрво, се надеваме дека никогаш нема да дојде до момент кога ќе треба да искористите некоја од следните техники, но доколку тоа сепак се случи, важно е да се изборите да останете живи.
Вистината е дека животните речиси секогаш се плашат повеќе од нас, отколку ние од нив. Токму тоа е и главната причина зошто се агресивни и напаѓаат. Скоро никогаш животните не напаѓаат луѓе само за да се исхранат, но во ретки ситуации може да се случи и тоа.
На крајот на краиштата, нагонот за преживување нѐ поттикнува да направиме многу чудни и несвојствени работи за нас, па по таа логика и животните реагираат на многу сличен начин.
Доколку некогаш се создаде ситуација да се најдете очи в очи со некое од наведените животни потребно е да изреагирате смирено, но и соодветно на зададената ситуација.
Прочитајте некој совет плус што треба да направите во таков момент, односно како треба да се однесуваме при ненадејна средба со диво животно:
Ајкули
Добрата вест е што од вкупно 150 видови ајкули, само 20 можат да нападнат човек. Исто така, добра вест е дека луѓето всушност не им се вкусни на ајкулите, но лошата вест е што за да го заклучат тоа, мора да пробаат.
За да избегнете напад од ајкула, избегнувајте да уринирате во водата или да пливате доколку крварите. Ако дојде до средба, не вртете го грбот во обид да избегате со пливање, затоа што тогаш ве гледаат како мамец.
Ако сте преблиску, замавнувајте кон очите. Таа зона кај ајкулите е пречувствителна.
Кенгури
Кенгурите напаѓаат ако почувствуваат ризик за заземање на нивната територија, па така, во случај да стапнете на земја што тие претходно си ја бележале, најпрво закашлајте се, голема е веројатноста да ве проценат за болни и да избегаат.
Не трчајте во обид да избегате, туку полека заминете си. Имајте на ум дека кенгурите имаат голем распон при скок, па може лесно да ве дофатат.
Лавови
Во основа, се работи за вид на мачка, па најлесен начин да ги скротите е да ги гледате право во очи. Секое губење на контактот очи во очи, им дава време да нападнат.
Обидете се да изгледате поголеми од нив, така што ќе ги раширите рацете или ќе ја кренете јакната високо. Зборувајте им гласно и со доверба, не давајте им до знаење дека сте всушност жртва. На овој начин, животното само ќе се повлече.
Бикови
Спротивно на популарното верување, биковите не ги привлекува црвената боја, туку наглите движења.
Ако имате впечаток дека бикот сака да нападне, земете дел од својата облека (што ќе го прежалите), било да е капа или маица, мавтајте со него и кога ќе се доближи, фрлете го што подалеку. На овој начин бикот ќе тргне да лови, а вие ќе имате време да се повлечете.
Медуза
За жал, ќе срушиме еден од најприфатените митови – дека печењето и болката ќе се смират со уринирање врз местото каде била медузата.
Исто така, не смеете да миете со вода од чешма, туку измијте со морска вода и потоа со пинцета отстранете ги остатоците од медузата. Набавете антиалергиска крема и мачкајте го местото
Алигатори или крокодили
Овие животни ги имаат најсилните вилици (и питбулите исто така), па не е лесно да се извлечете. Во случај да ве фатат, замавнувајте кон очите.
Ако ви се доближуваат на копно, бегајте по цик-цак траекторија, така ќе ги збуните. Во случај да забележите дека ви наближуваат во вода, отпливајте што посмирено, бидејќи наглите движења и викањето ќе ве направат позабележливи.
Рој пчели
Доколку рој пчели ве нападне, шансите за извлекување без повреда се мали. Затоа, добро е да знаете дека темната облека ќе ги привлече и поголеми се шансите да ве касне пчела.
Но, во случај да тргне кон вас една или рој пчели, скријте се на темно место, од каде тие ќе бегаат, поради недостаток на дневна светлина.
Змии
Најголемиот дел од змиите не се опасни, а дури 80% од убодите од змија се здобиени во моментот кога луѓето пробувале да ги фатат. Сепак доколку забележите дека ви се доближува змија, не паничете, едноставно тропнете силно со ногата. Вибрациите за момент ќе ја збунат и змијата ќе ја смени патеката на движење.
Доколку се најдете во ситуација да бидете каснати од змија, не се обидувајте да го цицате отровот од раната како што прават на филмовите. Многу подобра варијанта би било да ја измиете раната со вода од чешма, секако доколку има во близина, и да се обидете да повикате помош.