Категории

8 цитати од Џони Деп кои ќе ви го подобрат расположението, но и животот

Џони Деп не е само убав маж, тој е страстен за животот, љубовта и семејството. Мистичен е на прв поглед, па затоа ќе ви помогнеме да допрете до неговиот карактер со неговите највпечатливи изјави досега.

– Сите ние сме оштетени на свој начин. Никој не е совршен. На секој еден од нас му недостига нешто.

Токму така постојано правиме збрки и дури и оние кои ни изгледаат беспрекорни не се совршени и не се тргнати настрана од тоа.

– Животот е навистина убав и зошто не би бил? Па ја сум пират, зарем не?

Потребно е да ја пронајдете забавата во се што правите, сетете се како Џони ја одигра улогата на капетанот Jack Sparrow.

– Мислам дека никој не е подготвен за смртта. Можете само да се надевате дека кога ќе дојде ќе се чувствувате дека сте кажале се што сте сакале да кажете. Никој не би сакал да замине среде реченица.

Шеговито, но и сериозно. Уште веднаш кажете му „те сакам“ на оној кој го сакате и кажете се што ви лежи на срце.

– Ако сакате двајца луѓе во исто време, одберете го вториот. Затоа што ако навистина го сакавте првиот, немаше да се заљубите во вториот.

Навистина е така, ако изневерите значи дека нешто не е во ред со вашата врска, а ако вие сте изневерената тогаш не треба да го примате измамникот назад. Ако навистина ве сакал тој немало воопшто да ја расипе работата.

– Има 4 прашања вредни во животот: Што е свето? Од што е направен духот? За што вреди да се живее? И за што вреди да се умре? Одговорот на сите нив е ист. Само љубовта!

Слатко и романтично, зарем не? Навистина вреди да се живее и умре поради љубовта.

– Кога децата имаат една година, тоа е како да се дружите со минијатурен пијаница. Мора да ги држите, се судруваат со работите, се смеат, плачат и повраќаат.

Размислете за миг како едногодишно детенце се движи нестабилно како стар пијаница. Џони ќе ви го разведри денот со оваа изјава.

– Не можете да ја планирате таа длабока љубов која ќе резултира со деца. Татковството не беше свесна одлука, тоа беше дел од прекрасното возење од кое бев дел. Тоа беше судбина.

Бебето е навистина работа која го менува животот, а прекрасно е да се чуе како маж зборува на овој начин за татковството.

– Она што го научив од мојата работа е дека е сосема во ред да се биде поинаков. Дека треба да си поставиме прашања пред да осудиме некој друг кој изгледа поинаку, се однесува поинаку, зборува поинаку или има поинаква боја на кожата.

Сите ние треба да ги прифатиме нашите разлики и разликите на другите. Не грижете се за површните работи, толерирајте и прифатете.

Прегледи:
420
Објавено на:
17.02.2017