Категории

8 видови на храна кои помагаат при лачење на серотонин – хормонот за среќа

Серотонинот е вид на хемикалија во мозокот која влијае врз расположението. Јадењето  на храна која ја содржи амино киселината која најмногу влијае врз лачењето на овој серотонин – триптофанот, во голема мера можат да го подобрат расположението.

Серотонинот се наоѓа во мозокот, крвта, внатрешните органи и сврзните ткива на човековото тело. Предизвикува контрахирање на крвните садови, помага при трансмисија на информации низ нервниот систем и има улога во функцијата на мозокот.

Серотонинот е есенцијален за генералното здравје и добробит, и луѓето често го асоцираат со добро расположение.

Во овој текст, набројуваме 8 врсти на храна кои помагаат при лачење на серотонин, поради количествот на триптофан во нив.

1. Лосос

Оваа маслена риба е исто така и одличен извор на омега-3 маслени киселини, кои се битни за здравјето. Овие киселини ја подобруваат силата на коските, добри се за кожата и за функцијата на очите.

Лососот е исто така извор на витамин D, кој е битен за силни коски и заби и за здрави мускули.

Јадењето на две порции неделно од оваа риба, е доволен извор на триптофан за повеќето луѓе. Веганите и вегетаријанците може да добијат омега-3 од семки од тиква, лешници и соја.

2. Живина

Птиците кои се вбројуваат во живина се кокошки, мисирки и гуски. Оваа храна е и одличен извор на протеини без примање на премногу масти.

3. Јајца

Некои методи на готвење на јајцата се поздрави од други. На пример, пржените јајца имаат додадени масти, но варените јајца се чист протеин, дополнително на задоволителното ниво на триптофан.

4. Спанаќ

Темните, лисјести растенија, како што е спанаќот, се богат извор на триптофан. Спанаќот е, исто така, добар извор на железо, кое му помага на организмот да продуцира здрави црвени крвни зрнца. Недостаток на железо во исхраната предизвикува анемија, ниска енергија или потешкотии при дишењето.

5. Семки

Семките или семињата не содржат онолку триптофан колку рибите, живината или јајцата, но сепак за содржат оваа амино киселина и се добар нејзин извор и извор на протеин за вегетаријанци и вегани.

Лесни начини да се вклучат семките во храната се: нивно истурање во салата, мешање на јаткасти производи со семки за припремање на здрав оброк, јадење на леб со семиња и додавање на семињата во житарици или јогурт.

6. Млеко

Млекото е одличен извор на калциум, кој помага при здравјето и цврстината на коските и забите. Одбирање на нискомаслено млеко е подобра опција од високомасленото, особено за луѓето кои внимаваат на внесот на високо заситени масти.

7. Соини производи

Производи кои содржат соја, како тофу, соино млеко или соин сос, се извор на триптофан. Ова се, исто така, одлични избори за вегетаријанци и вегани.

8. Јаткасти производи

Полни со триптофан, протеини, здрави масти и влакна. Грицкање на јаткасти производи помеѓу оброци, исто така, може да Ве чува сити подолго време.

Прегледи:
3044
Објавено на:
26.08.2019